ЛОНДОН (АА) – Британскиот спасувачки тим беше меѓу првите меѓународни екипи кои притрчаа на помош на преживеаните од земјотресот во Туркије минатиот месец, откако два разорни два земјотреси ги погодија јужните делови на земјата, јавува Анадолу.
Откако Анкара упати меѓународен повик за помош како дел од тревогата на Ниво 4 по земјотресите, 77 лица од меѓународниот Тим за потрага и спасување на Обединетото Кралство (ISAR) составен од лекари, пожарникари и инженери, беа распоредени во Хатај, најјужната област на Туркије и една од најтешко погодените од катастрофата.
Нивните несебични дела да спасат што е можно повеќе преживеани од под урнатините на срушените згради оставија неизбришлива трага кај многумина во земјата кои никогаш нема да ги заборават виралните снимки од тимот што ги ризикуваше своите животи додека ползеше низ тунелот што го копаа 17 часа за да стигнат до можни преживеани.
Како да влегоа во срцата на турскиот народ преку тој тунел, и по видеото кое веднаш предизвика изливи на благодарност за нивното херојство.
Дејвид О’Нил, лидерот на меѓународниот Тим за пребарување и спасување на Обединетото Кралство (УК-ИСАР), за Анадолу изјави дека тимот имал „доволно среќа да има обемно распоредување“ во Туркије.
„Бевме обучени за такви катастрофи“, рече О’Нил по враќањето во Лондон. Сепак, одењето во толку позната земја мислам дека беше шок за сите, со оглед на тоа кои беа размерите на разрувањето.
Откако стигнавме таму, тимот успеа да спаси некои преживеани уште првиот ден на терен“, раскажа О’Нил.
Тој и неговиот тим спасиле вкупно 11 лица за време на нивните операции за пребарување. „ВК-ИСАР имаше најголем број спасувања во која било мисија во досегашната наша 30-годишна историја“, истакна лидерот на тимот.
Тимот се ангажираше и со локалната заедница и со турските спасувачи, како и со другите организации на терен.
„Најмногу информации добивавме преку работата со луѓе од областа, кои се на теренот, насочувајќи нè онаму каде што се слушнале гласови или движење. И тука имавме најголем дел од нашиот успех“, раскажува тој.
– „Напорна операција“ –
Во еден случај тимот мораше да ископа тунел низ остатоците од срушените згради за да осигура безбеден пат до местото каде што се мислеше дека би можеле да има заробени луѓе.
„Се разбира, тоа беше долга, макотрпна операција, за време на која имаше последователни потреси додека моите тимови беа таму“, рече О’Нил додека раскажуваше за тешкото искушение.
Зградата каде што почнаа да го копаат тунелот беше помалку оштетена од онаа до неа, каде што се мислеше дека се наоѓаат преживеаните.
„Потоа се случија последователни потреси, сите се повлекоа додека тоа не се смират, бидејќи знаевме кои се последиците од последователните потреси‘.
„Па така снимивме неколку видеа со нашиот лекар, д-р Малколм Расел, кој патуваше со нас“, изјави О’Нил.
Тој рече дека лекарот го снимил случајот и така тоа станало вирално.
„Таа снимка помогна да се покажат условите во кои мора да се работи“, рече тој, додавајќи дека добил 1,8 милиони прегледи и коментари со благодарност од Турците кога ја споделил снимката на неговиот личен профил на ЛинкдИн.
„Беше навистина добро за тимот да ги слушне и види овие пораки“, рече спасувачот, истакнувајќи дека нивниот контакт со турските тимови ќе продолжи.
Британскиот тим, исто така, беше поканет да се врати во Хатај за да зборува за своите искуства.
„И иако сега е веројатно малку прерано, тоа е нешто што дефинитивно ќе сакаме да го направиме“, заклучи О’Нил.
Стив Бултон, пожарникар од Лондонската противпожарна бригада, кој исто така замина во Туркије по земјотресите, рече дека е многу тешко да се објаснат размерите на катастрофата во регионот, доколку не се видени од прва рака.
Бултон имаше задача да остане во базата на операции за да ја тестира опремата и да подготви сè во случај да биде потребно подоцна.
„Има многу моменти кои нема да ги заборавам, не можам навистина да издвојам само еден момент од нив. Во минатото одев често во Туркије на одмор. Ми беше чест да бидам во можност да учествувам во ова“, појасни тој.
Припишувајќи го нивниот успех на теренот на силната тимска работа, Бултон го изрази своето задоволство за можноста да помогне на извонредните спасувачки напори на британските тимови.
Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Туркије се искачи на 45.089, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени на 6 февруари погодија 11 турски области: Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.
Од земјотресите во Туркије погодени се над 13 милиони луѓе, како и многу луѓе во северозападна Сирија.
Извор: www.aa.com.tr