Верстапен за критиките од Расел: Следниот пат ќе земам марамчиња за него

June 2, 2025
1 min read

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен одговори на критиките од возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој неговите постапки на Шпанското ГП ги нарече неприфатливи.

На неколку круга пред финишот, четирикратниот светски првак во Формула 1, се судри со Британецот, за што доби казна од десет секунди, како и три казнени поени и сега е на чекор од дисквалификација. Верстапен има 11 казнени поени од 12 дозволени.

– Во ред, следниот пат ќе земам марамчиња за него. Тој може да го има своето мислење, а јас моето. И, да бидам искрен, повеќе би сакал да се фокусирам на дискусија за трката, која ни одеше добро додека не дојде безбедносното возило на патеката. Дали ќе разговарам за овој инцидент со Расел? Немам што да кажам, тоа е животот.

По казната, 27-годишниот Холанѓанец се најде на 10. место во поредокот на трката во Барселона.

На шпанското Гран при победи возачот на Мекларен, Оскар Пјастри. Неговиот тимски колега Ландо Норис беше втор. Шарл Леклер од Ферари беше трет.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелски воздушен напад разрушена џамијата „Ансар“ во Деир ал-Балах, Газа

Следно

Состанокот Турција – Русија – Украина ќе започне во 12:00 часот под водство на министерот Фидан

Latest from Blog

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев Актуелниот градоначалник Митко Јанчев се прости од својот претходник на социјалната мрежа „Фејсбук“. „Неговиот придонес за Кавадарци ќе остане трајно запаметен, а споменот за него

Димовски: Оспорувањето на МПЦ-ОА е оспорување на македонскиот народ

Илија Димовски на социјалните мрежи објави осврт за значењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Историјата на македонскиот народ не е само хроника на битки и договори, таа во значаен дел

Мајорка и Виљареал ги поделија бодовите

Првиот дуел од денешната програма во Примера шпанскиот фудбалски шампионат, заврши со поделба на бодовите. Мајорка како домаќин одигра 1:1, со тимот на Виљареал во интересен и неизвесен дуел. Перез го реализираше
Go toTop