Во Собранието утре ќе пристигне предлог-закон за отворени листи и една изборна единица

June 1, 2025
1 min read

Либерално демократстката партија утре до Собранието ќе достави Предлог-законот за отворени листи и една изборна единица во Македонија, но и за кандидирањето на независните пратеници.

Портпаролот на ЛДП, Љубен Аврамовски, рече дека ова не е нова иницијатива за ЛДП.

„Нашите пратеници, во два претходни парламентарни состава, поднесуваа предлог-закони за истата оваа реформа. За жал, тогаш тие иницијативи не добија поддршка. Но ние не се откажуваме“, посочи Аврамовски.

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, рече дека суштината на предлогот е и да нема изборен цензус.

„Во предлогот се вклучени и барањата на независните кандидати, кои неодамна ги изнесоа, за да се пополни празнината создадена по одлуката на Уставниот суд. Нема одредби за гласањето во дијаспората, но може да се поднесат амандмани за тоа и да се разговара. Откако ќе го доставиме предлогот, тој треба да биде ставен во собраниска процедура, пред комисии. Очекуваме поддршка од сите партии“, реле Зајкова.

Премиерот, Христијан Мицкоски, рече дека е подготвен да прифати изборен модел со една изборна единица, доколку се дозволи и гласањето на иселениците во дијаспората надвор од дипломатско-конзуларните претставништва.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени парламентарни избори

Следно

Конкурс за стипендии „Борис Трајковски” за постдипломски студии за МБА-програмата на Универзитетот Јорк, за 2025/2026

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop