Базилика од римско време во струшко Радолишта, 91-годишен професор постојано доаѓа тука – имало цел град под површината

June 1, 2025
1 min read

Ова е базиликата во селото Радолишта, Струга. Во 1955 година била во подобра состојба, но денес е на милост и немилост на времето, без институционална грижа и под единствена грижа на локалните жители. На 91-годишна возраст, професорот Каим Муртиши од ова село често го посетува местото. Тој вели дека локацијата е многу поголема отколку што денес изгледа по површина, но со текот на годините голем дел од неа бил покриен и заборавен.

„Имало голем простор тука и како што раскажуваат постарите, зборував за тоа и напишав нешто. Овие градби продолжија понатаму од тие куќи до, велат, каменот на плачот, во близина на селото Франгово, но тој беше покриен, а и овој е готов. Еве го тука во книгата, сега само ова е останато, бил до таму, малку по малку бил покриен и оштетен.“, вели Муртиши.

Според професорот Муртиши, базиликата е од римско време, на оваа локација според него имало град.

„Од римско време е. Ова било град, било градба и пишува дека е од времето на Римјаните. Радолишта е многу напатено село и село кое отсекогаш страдало од куршум и чума, и било запалено неколку пати“, изјави Муртиши.

Професорот Муртиши вели дека за базиликата никој не води грижа

„Никој дури и не дошол да праша за ова овде. Јас го ставив овде во оваа книга и ја напишав оваа книга во 1978 година, ја подготвив тогаш, имаше постари кои слушнале и го живееле ова време, муабети и усни преданија, генерација по генерација“, изјави Муртиши.

Дури и од снимките е забележливо дека ѕидовите на базиликата почнале да се уриваат. Недостатокот на чистење и информативни табли значи дека ова место не е добро познато, и покрај неговата историска вредност. Доколку беше правилно одржувано и промовирано, оваа локација би била попривлечна за посетителите, кои не недостасуваат во струшкиот и охридскиот регион.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВАЛЦЕРОТ „НА УБАВИОТ СИН ДУНАВ“ НА ШТРАУС ИСПРАТЕН ВО ВСЕЛЕНАТА

Следно

Властите предупредуваат дека Палестинците во Газа се соочуваат со невидена криза за вода

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop