Шефот на „Вагнер“: Вучиќ залудно беснее, немаме Срби во нашите редови

March 2, 2023
1 min read

Ова доаѓа како одговор на изјавата на српскиот претседател дека сите Срби што се регрутирани во „Вагнер“ и учествуваат во војната во Украина ќе бидат уапсени по враќањето дома

Јевгениј Пригожин / Фото: EPA/SERGEI ILNITSKY/POOL

Шефот и основач на озлогласената паравоена формација „Вагнер“, Јевгенијх Пригожин, го прозва српскиот претседател Александар Вучиќ дека залудно беснее бидејќи во редовите на групата веќе нема Срби кои се борат во Украина.

„Вучиќ залудно беснее. Од 1 март 2023 година, во „Вагнер“ нема ниту еден Србин. Последниот што се борел во „Вагнер“ ја напушти групата пред два месеци. Ако некој од Србите тврди дека се борел во „Вагнер“ во 2023 година, тоа е измама. Не верувајте му“,

вели Пригожин.

Тој изјавата ја објави на Телеграм, а е одговор на новинарско прашање од порталот „Рекс“, кое му било упатено откако Вучиќ во интервју за бриселски „Политико“ порача дека сите Срби што се регрутирани во „Вагнер“ и учествуваат во војната во Украина ќе бидат уапсени по враќањето дома.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Уапсен скопјанец поради дрога

Следно

Зградите во Адијаман биле полни со живот пред земјотресот, сведочи тимот на ДЗС кој учествуваше во спасувањето на 38-годишната жена

Latest from Blog

Ким Кардашијан не верува во слетувањето на Месечината: НАСА ВЕДНАШ СЕ ОГЛАСИ

Во својата нова епизода од „Кардашијан“ риалити ѕвездата Ким Кардашијан изјави дека и таа припаѓа на групата луѓе кои веруваат во една од најпознатите теории на заговор за слетувањето на Месечината. Имено,

Политико: Бугарија ја разгледува можноста да побара изземање од американските санкции за „Лукоил“

Бугарија ја разгледува можноста да побара изземање од новите американски санкции против „Лукоил“, најголемата приватна нафтена компанија во Русија, бидејќи се плаши дека мерките ќе предизвикаат голем недостиг на гориво низ целата
Go toTop