Политико: Бугарија ја разгледува можноста да побара изземање од американските санкции за „Лукоил“

November 1, 2025
1 min read

Бугарија ја разгледува можноста да побара изземање од новите американски санкции против „Лукоил“, најголемата приватна нафтена компанија во Русија, бидејќи се плаши дека мерките ќе предизвикаат голем недостиг на гориво низ целата земја и протести што би можеле да доведат на власт проруски политичари, објави денеска Политико, повикувајќи се на два извори.

Изворите наведуваат дека бугарската Влада побарала од Вашингтон објаснување како може да добие одложување на санкциите што ќе стапат на сила на 21 ноември.

Бугарија смета дека таквата ситуација би можела да го забрза падот на владата и да ја зајакне поддршката за претседателот Румен Радев, кого некои го сметаат за проруски политичар и кој јавно ја изнесе идејата за формирање нова партија, според извори цитирани од Политико.

Поранешниот министер за екологија и член на организацијата „Стратешка перспектива“, Јулијан Попов, смета дека владата не е соодветно подготвена и нема план за излез на „Лукоил“ од Бугарија, што би значело дека недостигот на гориво е веројатно сценарио доколку не се најде решение.

Тој наведува дека владата треба да ја преземе оперативната контрола врз рафинеријата, со поддршка на „меѓународен комитет“ од адвокати и експерти.

Меѓутоа, експертите ги доведуваат во прашање тврдењата дека, доколку САД не одобрат ослободување од санкции, Радев ќе се обиде да ја преземе власта.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави санкции против двете најголеми руски нафтени компании, „Роснефт“ и „Лукоил“, што поттикна неколку земји од ЕУ каде што работат овие фирми да побараат изземање од санкциите.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Атлетико славеше, Гризман постигна 200 гола во Ла Лига

Следно

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ВО ЕВРОПА СЕ КРИЕ СЕЛО НА ШТРУМФОВИТЕ? Цело е сино и во знакот на познатиот анимиран филм

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска го повикува економскиот тим на опозицијата на средба

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска го повикува економскиот тим на опозицијата на средба во Министерството за финансии. Вели дека деновиве имало хистерични прес-конференции, полни со невистини, погрешни толкувања и крајно очајни политички

За 70% е зголемен бројот на уапсени мигранти во Њујорк по доаѓањето на Трамп во Белата куќа

Ревизијата ја нарачал градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, кратко откако тој ја презеде функцијата. Според извештајот, Службата за имиграција и царина на САД (ICE) уапсила 5.567 лица во областа на Њујорк помеѓу

ВЛЕН: Организаторот на просрпскиот собир во Куманово имал блиски врски со Бујар Османи

Коалицијата ВЛЕН со остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата за лицемерие и поврзаност со личности кои, како што тврдат, стојат зад организирање на просрпски собири во земјава. Од ВЛЕН велат дека
Go toTop