Наместо мигранти кои ќе чекаат азил, во Албанија пристигнаа мигранти на кои им е одбиен азил во Италија

May 28, 2025
1 min read

Во Албанија пристигна уште една група мигранти на кои претходно им бил одбиен азил во Италија.

Бродот на италијанската морнарица „Спика“ во вторникот наутро тргна од пристаништето Бриндизи и доцна попладнево вплови во пристаништето Шнѓин, превезувајќи 27 мигранти на него.

По пристигнувањето во Албанија, мигрантите биле префрлени во прифатниот камп Ѓадр, каде во оваа структура, согласно утврдените правила и протоколи, биле репатрирани.

Ова е трет контингент што пристигнува на албанска територија, како дел од новата уредба на италијанската влада, кои ќе останат во Ѓадр до депортација во земјите на потекло, со максимален период не подолг од 18 месеци.

Првично, кампот Ѓадр беше замислен како прифатен центар за баратели на азил спасени на море, за период до 28 дена, но со новата уредба на италијанската влада предводена од премиерката Џорџа Мелони, функцијата на овој центар е проширена.

Сега, исто така, ќе служи како центар за имигранти чии барања за азил се одбиени од италијанските власти и кои чекаат депортација.

Во меѓувреме, одлуката на Европскиот суд на правдата во врска со жалбата поднесена од Судот во Рим се очекува во наредните денови.

Судот во Рим ја доведе во прашање легитимноста на апсењата на мигрантите спасени во Медитеранот, а потоа префрлени во Албанија, особено за случаите кои доаѓаат од земји кои Италија ги смета за безбедни, како што се Египет и Бангладеш. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИК на ВМРО-ДПМНЕ дискутираше за предлог-кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори

Следно

Собранието со закон за прогласување на безбедносна зона ќе го откупува дворното место, каде пред една година беше внесен багер кој преку ноќ исчезна

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop