Собранието со закон за прогласување на безбедносна зона ќе го откупува дворното место, каде пред една година беше внесен багер кој преку ноќ исчезна

May 28, 2025
1 min read

Претседателот на Собранието на прес-конференцијата најави закон за прогласување безбедносна зона околу Собранието, чијшто драфт бил поделен на координаторите на пратеничките групи на последната средба. Тој рече дека овој закон не е во рамките на реформите кои Собранието ги подготвува за независното обезбедување на парламентот.

„Во тој дел имаме формирано работна група со НДИ, Швајцарската амбасада, ДИКАФ и други партнери, работиме на таа агенда, и тој дел е независен од овој. Со закнот за кон за прогласување на безбедносна зона го решаваме само дворното место околу Собранието кој беше во приватна сопственост и каде требаше да се гради катна гаража. Ако законот го усвоиме заедно, таа зона ќе биде прогласена за безбедносна и ќе и припадне на државата Северна Македонија“, рече Гаши.

Тој потенцираше дека со овој закон, парламентот ќе има свој двор и сопствен паркинг, бидејќи земјиштето околку парламентарната зграда, сега е во приватна сопственост, со законот тоа може да се откупи и да стане државна сопственост.

„Сакаме сите пратенички групи да го донесат овој закон за да се реши големиот проблем. Беше горко чувство Собранието да нема свој двор, а се надевам дека со законот дворот и ќе се уреди и таму ќе има и посебен паркинг. Го решаваме дворно место каде што требаше да се гради катна гаража и е приватен имот. Со законот тоа место ќе ѝ припадне на државата и ќе биде прогласено за безбедносна зона. Колку што знам, сопственикот на имотот ќе добие отштета во висина на сумата што ја платил за земјиштето. Начинот на откупот ќе биде објаснет со законското решение – објасни Гаши.

Спикерот Гаши на новинарско прашање, колку ќе го чини Собранието откупот на ова земјиште, односно дали тоа ќе биде покрено од Буџетот на Собранието или не, го даде следниот одговор:

„Колку што е платено толку ќе биде вратено. Но ќе видите штом ќе го доставиме законот до Собранието, тој ќе биде објавен на нашата веб страна и ќе ве запознаеме и околу начинот на откуп на земјиштето“, рече Гаши.

Државното земјиште кај Собранието беше продадено на јавно наддавање во 2013 година, кога министер за транспорт и врски беше Миле Јанакиески. Фирмата „Анго“ ДООЕЛ парцелата од 2.455 квадратни метри ја купи за 136 евра за квадрат или вкупно за 333.000 евра. Според деталниот план беше предвидено гаражата да има приземје и два ката, а влезот беше предвиден од кај пристапната улица помеѓу Собранието и Домот на АРМ.

Инвеститорот, „Анго“ ДООЕЛ, доби одобрение за градење во август 2014 година од Општина Центар, а Општината во 2018 година го поништи, затоа што изградбата не почна во предвидениот рок. Потоа инвеститорот се жалеше пред Управниот суд, и откако ја доби постапката, реши да продолжи да гради.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Наместо мигранти кои ќе чекаат азил, во Албанија пристигнаа мигранти на кои им е одбиен азил во Италија

Следно

ВИДЕО: Ганиу и граѓаните пристигнаа пред Град Скопје и го фрлија ѓубрето

Latest from Blog

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската
Go toTop