Продолжува собраниската седница за избор на заменици министри

March 2, 2023
1 min read

Собранието денеска треба да ја продолжи 104-тата седница со дебата по четвртата точка на дневниот ред – Предлог за именување на заменици министри во Владата.

Пратениците ќе ја продолжат вчера започнатата расправа за избор на замениците министри за одбрана Тирон Јајага, за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, за здравство Маја Манолева и за образование и наука Агим Нухиу.

Премиерот Димитар Ковачевски во својство на предлагач на земниците министри во неговото излагање на почетокот на вчерашната расправа нагласи дека со нивниот избор ќе се комплетира целосно новиот состав на Владата.

– Но, пред сите нас ќе се отвори една сериозна обврска – да донесеме зрели одлуки што ќе ги осигураат перспективите на земјата. Ако за тоа е потребно зголемување на мнозинството – тогаш, со секого ќе разговараме. Владата е отворена за идна соработка со сите кои се подготвени да постапат совесно и да ги поддржат реформите, економските политики и европската агенда, за доброто на граѓаните и на државата, рече Ковачевски.

Според него, со реконструкцијата на Владата ќе се зацврсти политичката стабилност и се отвора пат за зголемена ефикасност на Собранието и на институциите во насока на непречена реализација на клучните стратешки цели.

– Но, Сојузот за Европа и окрупнувањето на проевропското мнозинство во Парламентот е потребно во име на натамошните реформи и европската иднина на граѓаните и на државата. Граѓаните му дадоа на овој Парламент прецизен мандат за европски квалитет на живот дома и интеграција во Европската Унија. Така е формирана и проевропската Влада и така работиме, според европскиот курс на државата, рече Ковачевски.

Тој посочи дека е неопходно Парламентот да биде критичар, ама не и кочничар на реформите и да ги застапува стратешките одредници на земјата, а не стратешките планови за лични или други туѓи цели.

Собранието вчера претходно во рамки на 104. седница со 62 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан ги разреши замениците министри за одбрана Башким Асани, за земјоделство, шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини и за образование и наука Љуљзим Алиу.

Собраниската 104. седница за реконструкција на Владата започна пред три недели, а новите министри во Владата на Ковачевски Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање беа избрани пред полноќ во понеделникот.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

И денеска дожд, еве од кога се очекува стабилизирање на времето

Следно

ФА Куп: Гигантите од Манчестер се избегнаа

Latest from Blog

Стојчевски во Отворено: Јавните комунални претпријатија немаат директна помош од Владата

Пратеникот од ЗНАМ, Даниел Стојчевски во Отворено рече дека, јавните комунални претпријатија немаат директна помош од Владата. Според него, за да немаат финансиски проблеми и долгови потребно е цените за претпријатијата за

Во македонскиот КИЦ во Загреб ќе се претстават етно групата „Баклава“ и македонскиот рубин

Во македонскиот Културно информативен центар во Загреб во среда, 23-ти април загребската публика ќе има ексклузивна можност да проследи уникатен мултимедијален културен настан во рамките на кој ќе биде отворена изложбата „Македонскиот

Собранието ги усвои измените на Законот за медиуми: Нови услови за интернет-порталите

Со 69 гласа „за“ и поддршка од 15 пратеници од немнозинските заедници, Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за медиуми. Новините се однесуваат првенствено на регулирање на интернет-порталите, кои

Палестинскиот премиер го осуди убивањето на над 50.000 Палестинци во Газа

ИСТАНБУЛ (АА) – Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф остро го осуди бруталното убивање на над 50.000 невини Палестинци за време на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во главниот град Анкара,

Атанасовска во Аргумент плус: Проблемот со платите во култура е ист секоја година

Претседателката на Синдикатот на културни работници, Вера Атанасовска во Аргумент плус рече дека, проблемот со платите во културата е ист секоја година поради усогласувањето со зголемената минималната плата. Според неа, сега платите
Go toTop