Младата жена која ја оплакуваше Газа пред Европската комисија: „Тоа беше крик на бунт што дојде од моето срце“

May 23, 2025
2 mins read

БРИСЕЛ (АА) – СЕЛЕН ВАЛЕНТЕ –

Младата жена по име Хесла, која тагуваше за Газа пред зградата на Европската комисија, рече дека сакала да го прекине неподносливиот молк на администрацијата на Европската Унија (ЕУ) против геноцидот на Израел и затоа неволно врескала, пишува Анадолу.

Хесла, која гласно ја оплакуваше Газа пред влезот во зградата на Европската комисија во Брисел и извикуваше дека „ЕУ е соучесник во геноцидот со тоа што молчи“, разговараше со дописникот на АА.

Младата жена од мароканско потекло, родена во Брисел, изјави дека се придружила на група вработени во ЕУ кои секој четврток се собираат за да протестираат пред зградата на Комисијата и дека таа им се приклучила за да ги гледа, и одлучила да ја искористи можноста.

– „Тоа беше крик на бунт што избувна од мојата душа“ –

„Не го планирав тоа што го сторив“, рече Хесла раскажувајќи:

„Бев таму со моето мало палестинско знаме во рака и мојата папка (на која пишуваше „Се бара Нетанјаху“). Но средината беше многу празна. Имаше само неколку луѓе и автомобили што минуваа по патот. Спoред мене, мислам дека местото не беше доволно видливо за да ја покажеме нашата поддршка за Газа. Неочекувано, иако немав таква намера, одеднаш почувствував бунт во себе. Си реков: ‘Но, не. Мора да ѝ ја пренесеш оваа порака на Комисијата.’ Одеднаш решив да одам до влезот на зградата на Комисијата. Отидов до вратата и си реков: ‘Стори го тоа, предади ја оваа порака’, бидејќи во Газа има масакр и луѓето умираат од глад. Децата умираат од глад. Тоа беше крик на бунт што избувна од моето срце. Од нас се бара да ги потиснуваме нашите емоции, секогаш да бидеме добродушни, да бидеме учтиви, да не го креваме гласот, да не викаме. Но имаше врисок што доаѓаше од мојата душа. Не сум актерка, не го планирав ова, едноставно се случи и одбив да го потиснам она што беше во мене. Пораката требаше да се пренесе и јас го послушав своето срце.“

– „Сакав да го прекинам неподносливиот молк“ –

Нагласувајќи дека молкот во администрацијата на ЕУ и во некои европски земји е неподнослив, Хесла рече: „Мислам дека затоа врескав. Луѓето се толку тивки, можев да видам многу луѓе како излегуваат (од зградата на Комисијата), како се смеат. Сакав да ја прекинам неподносливата тишина. Навистина сум лута поради геноцидот што се случува во Газа. Навистина сум во голема болка“, и додаде дека со месеци се обидува да направи сè што е во нејзина моќ за да го запре геноцидот, учествувајќи во протести и пишувајќи петиции до политичарите.

„Утрово повторно видов фотографии од многу слаби деца, кои се во многу голема болка. Има многу сирачиња кои повеќе немаат родители, за кои нема кој да се грижи, немаат дом, немаат ништо. Затоа ние сме им потребни“, рече Хесла.

– Повик за санкции –

Наведувајќи дека сака да биде на вистинската страна од историјата, Хесла рече:

„Апелирам до оние кои имаат човечки вредности во европските институции, до сите, но особено до оние кои можат да ги запрат овие геноциди дејствија. Сакам мојата земја, Белгија, да престане да испраќа оружје до оваа геноцидна држава на Владата на Нетанјаху. Добро знаеме дека еврејскиот народ нема никаква врска со ова, ние не ги мешаме едни со други. Затоа повикувам на економски санкции против Владата и прекин на секаква соработка со крајната десничарска Влада на Нетанјаху.“

Осврнувајќи се на брзото воведување санкции од страна на ЕУ врз рускиот претседател Владимир Путин поради неговиот напад врз Украина, Хесла истакна:

„Го видовме лицемерието на Европа. Исто така, го видовме и лицемерието на арапскиот свет“.

Младата жена од мароканско потекло додаде дека е благодарна на политичарите, бирократите и активистите во Европа кои го кренаа својот глас за Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Собранието ќе одлучува за новиот гувернер на Народна банка на седницата закажана на 28-ми мај

Следно

Меѓународниот форум за семејство во Истанбул за влијанието на дигитализацијата врз семејниот живот

Latest from Blog

Кои се сестрите Надер? Ги нарекуваат новите Кардашијан

Серијата во голема мера се потпира на проверена и вистинита формула: атрактивните сестри се ослободуваат од традиционалното воспитување, минуваат низ јавни раскинувања, лансираат модни линии и се караат пред камерите за време

Поранешниот голман на Арсенал го купува славниот клуб од Минхен и ќе гради нов стадион

фото: Sky Sports UK (X) Поранешниот голман на Арсенал и на германската репрезентација, Јенс Леман, ќе стане ко-сопственик на германскиот третолигаш Минхен 1860, објави „Абендцајтунг“. Според изворот, поранешниот голман е сериозно решен

Пoчина политичкиот активист Чарли Кирк

Политичкиот активист и подкастер Чарли Кирк почина, објави Доналд Трамп на Truth Social. Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека конзервативниот активист Чарли Кирк почина откако беше застрелан на настан во

Градското дерби на Манчестер осакатено: 12 играчи го пропуштаат неделниот меч на „Етихад“

Голем бран на повреди ги погоди таборите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед пред големото дерби кое ќе се игра на „Етихад“ овој викенд. Двата тима ќе го дочекаат дербито со „десеткуван“

РК Загреб поразен во Битола – Еурофарм Пелистер стартува со победа во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер од Битола започна успешно новата сезона во Лигата на шампионите, совладувајќи го поранешниот европски првак Загреб со резултат 25-23. Натпреварот, кој се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, беше прв
Go toTop