Мадуро маршира со поддржувачи пред историските избори во Венецуела

May 23, 2025
1 min read

КАРАКАС (АА) – Пред регионалните избори во Венецуела десетици илјади луѓе излегоа на улиците во главниот град Каракас, известува Анадолу.

Претседателот Николас Мадуро се приклучи на маршот што се одржа во славеничка атмосфера и прошета со своите поддржувачи.

Првпат гласачите во регионот Есекибо, кој има долгогодишен спор за суверенитет со Гвајана, истовремено ќе гласаат и за гувернер и за локални советници.

Спорот за регионот Есекибо помеѓу Венецуела и Гвајана датира од периодот пред независноста на Гвајана.

Во времето кога Гвајана била британска колонија, реката Есекибо била означена како западна граница на Гвајана со одлуката за гранична арбитража од 1899 година.

Сепак, Гвајана, која стекна независност во 1966 година и се приклучи на Британскиот Комонвелт во 1970 година, не ја призна оваа граница и регионот Есекибо го прогласи за свој.

Регионот Есекибо, или Гвајана Есекиба, во Централна Гвајана, се наоѓа западно од реката Есекибо, на север од земјата.

Се наведува дека регионот е исклучително богат со природни ресурси.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лишен од слобода штипјанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Следно

УЕФА се извини за недостатокот на медали на доделување на наградите во Лигата на Европа

Latest from Blog

Американската војска повторно го нападна Иран

Според Централана команда на САД, нападите биле насочени кон ракетни лансирни позиции и пловила кои, како што тврдат од американската страна, се обидувале да постават мини во близина на Ормусткиот теснец. Од

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар – локацијата обезбедена, инвеститорот казнет

Инспекциските служби на Општина Центар заедно со Министерството за внатрешни работи веднаш излегле на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи
Go toTop