Израелските воени авиони извршија серија воздушни напади во јужен Либан

May 22, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Израелските воени авиони денес извршија серија воздушни напади врз повеќе локации во јужен Либан. Според либанските медиуми, едно лице е убиено, а друго повредено во нападите, што претставуваат најново кршење на договорот за прекин на огнот, пренесува Анадолу.

Еден од нападите погоди зграда во гратчето Тул, што се наоѓа во губернијата Набатија. Снимките од местото на настанот ги прикажуваат моментите кога во воздушен напад е погодена зграда, по што следува брзото пристигнување на противпожарните и амбулантните возила и службите за итни случаи.

Претходно, портпаролот на израелската Армија, Авичај Адраи, сподели мапа на социјалните мрежи на која како цел беше покажана зграда во Тул, во близина на Набатија. Тој тврдеше дека зградата му припаѓа на Хезболах и повика на евакуација на околните објекти.

И покрај договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Израел и Либан на 27 ноември минатата година, Израел често го крши примирјето. За време на копнените напади, израелските сили влегоа во неколку погранични градови и понатаму имаат воено присуство на пет позиции – и покрај клаузулата во договорот за повлекување.

Преку воздушните и копнените напади Израел нанесе значителна штета во пограничните региони, а месеци по стапувањето во сила на прекинот на огнот, продолжува да нишани возила и одредени локации во јужен Либан користејќи дронови.

Израелските сили спроведуваат речиси секојдневни напади во јужен Либан, тврдејќи дека ги целат активностите на Хезболах, и покрај прекинот на огнот што беше постигнат во ноември. Примирјето стави крај на месеците прекугранична војна меѓу Израел и Хезболах, која ескалираше во целосен конфликт во септември.

Либанските власти пријавија речиси 3.000 израелски прекршувања на примирјето, во кои се убиени над 200 лица, а повредени најмалку 500 од минатиот ноември.

Според договорот за прекин на огнот, Израел требаше целосно да се повлече од јужен Либан до 26 јануари, но рокот беше продолжен до 18 февруари откако Израел одби да го испочитува. Израел сè уште има воено присуство на пет гранични пунктови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во земјава два случаи на мајмунски сипаници!

Следно

Отфрлена жалбата на Реал Мадрид против строгата казна на Рудигер

Latest from Blog

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане
Go toTop