Меџити: 6 милијарди евра! Почнува нова ера на инвестиции, од Лондон кон Северна Македонија!

May 22, 2025
1 min read

Денес во Лондон ќе се потпише стратешкиот договор помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, договор во вредност од 6 милијарди евра. Првиот заменик-премиер на Северна Македонија, Изет Меџити, по средбата во Лондон со претставници на Инструментот за поддршка на надворешно финансирање на Обединетото Кралство – UKEF, изјави дека договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство решава витални проблеми за граѓаните на Северна Македонија. Тој додаде дека договорот опфаќа инфраструктурни проекти, како и проекти во здравството, образованието и транспортот, а ќе придонесе и за заштитата на животната средина.

„Во областа на образованието и здравството се предвидува изградба на нова болница во Кичево, реконструкција на болницата во Тетово, како и изградба на Медицински факултет во истиот град. Исто така, во Штип се планира реконструкција на болницата и изградба на Медицински факултет,“ изјави Меџити за ТВМ.

Тој додаде дека за време на средбите се дискутирало и за нова идеја од Министерството за животна средина за искористување на оваа финансиска можност, како и британската експертиза и искуство за отстранување на опасниот отпад кој со децении претставува закана за животната средина и јавното здравје во земјата.

„Посебен фокус беше ставен на чистењето на опасниот отпад како што е линданот во фабриката ОХИС, во Југохром, во Ваксинце и Лојане, кои претставуваат потенцијална закана за целата држава,“ потенцираше Меџити.

Тој го оцени ова како значаен чекор во продлабочувањето на соработката помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, не само на економски и инвестициски план, туку и на политички план.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заврши второто издание на Деновите на поезијата – Културната разновидност не претставува закана, туку збогатување

Следно

ЕУ ќе формира фонд од 150 милијарди евра за одбранбена подготвеност, Украина официјално партнер

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop