Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето

May 22, 2025
1 min read

На седница на собраниската Комисија за здравство денеска треба да се одржи продолжение на надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје”.

Надзорната расправа почна завчера, а продолженија се најавени и за утре и за 26 мај. Комисијата за здравство покани сведоци од различни државни органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации  да дадат искази и одговори на членовите на Комисијата и на другите пратеници.

Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска на вчерашната расправа истакна дека ИЈЗ во координација со Министерството за здравство презема низа мерки за ублажување и намалување на здравствените последици од загадувањето.

Андоновска рече дека Институтот соработува со локалните власти за креирање на политики, со цел намалување на емисиите на загадувачки материи, и објасни дека граѓаните се едуцираат и информираат преку веб страницата за нивото за загадување.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди грчкиот остров Крит

Следно

„Црно семе“ на НТ театар од Битола во официјална програма на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop