Одлука на Новак Ѓоковиќ која сите ги изненади

May 22, 2025
1 min read

Најдобриот тенисер на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ, неодамна ја заврши соработката со својот тренер, Енди Мареј, а сега, пред почетокот на турнирот во Женева, даде изјава за медиумите, зборувајќи за голем број теми.

Како што се очекуваше, новинарите беа заинтересирани кој ќе му биде нов тренер на српскиот тенисер, а одговорот што следуваше изненади многумина.

– Моментално не барам тренер. Не мислам дека има потреба од брзање во ниту еден контекст. Се чувствувам пријатно со луѓето околу мене – рече Новак.

Новак во наредниот период ќе биде придружуван од Душан Вемиќ.

– Го имам Душан Вемиќ, кој е тука, дојде од САД, каде што живее и ќе биде со мене и во Женева и на Ролан Гарос. Исто така, Борис Бошњаковиќ е таму како аналитичар и помошник- тренер. По тоа, ќе видиме што ќе се случи – додаде српскиот тенисер.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Каја Калас допатува во Србија

Следно

Променливо облачно и топло со сончеви периоди

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop