Ацевски: Не е сè корумпирано во државава – но мора да се вложува повеќе во превенција

May 21, 2025
1 min read

Главниот државен ревизор, Максим Ацевски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 испрати јасна порака дека корупцијата не ја зафаќа целата држава, но постојат сериозни проблеми кои бараат системско и навремено дејствување.

Според него, државата треба да вложува повеќе во превенцијата.

„Не сметам дека не треба да има репресивни мерки, меѓутоа сметам дека државата треба да вложува повеќе во превенцијата. Не треба да дозволиме нешто да се случи, откако ќе се случи веќе е настаната штетата“, истакна Ацевски.

Тој истакна дека годишниот извештај на Државниот завод за ревизија за 2023 покажува значајни износи што се однесуваат на несоодветно користење на јавни средства – пари што потекнуваат од даночните обврзници.

„Дали е тоа добро? Не е добро, секако дека тоа не чини. Во суштина, тоа се изгубени јавни средства, средства на даночните обврзници, а од друга страна квалитет на услугите на граѓаните“, додаде тој.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти?

Следно

Добротворна организација подели топол оброк во Газа во услови на продлабочување на хуманитарната криза

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop