Собранието ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили

May 20, 2025
1 min read

Собранието денеска ги констатираше оставките на министерот за здравство Арбен Таравари, како и на замениците министри во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Фљакрон Беџети и Министерството за одбрана Елфет Исмаили.

Заменик претседателката Весна Бендевска појасни дека согласно собранискиот Деловник тие имаат право да ја образложат оставката, но, оти до почетокот на оваа 49-та седница не побарале да го направат тоа, по што беа констатирани оставките.

Потоа беше предложен дневен ред на седницата, но, по процедуралната забелешка на Сашко Јанчев од Левица беше дадена пауза во траење од еден час.

Барањето за пауза, како што појасни Јанчев, е поради тоа што службите на Собранието и Генералниот секретар го игнорираат барањето на Левица за инфомации за исплатени патни тошоци на пратениците во Собранието поименично за секој пратеник. Најави дека ќе бараат по еден час пауза на секоја седница се додека не ги добијат бараните информации. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кумановци собраа 247.218 парчиња отпад преку повратните вендинг машини на „Пакомак”

Следно

Земјите членки на СЗО го усвоија првиот глобален договор за пандемии

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop