Арсовска во Аргумент плус: Инспекциските служби на Град Скопје работат со полна пареа

May 19, 2025
1 min read

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во Аргумент плус рече дека, инспекциите на Град Скопје работат со полна пареа и поркај сите притисоци. Според неа, за хаваријата во Пинтија изречена е највисоката можна казна. 

„Од она што можеше да се утврди е сериозна хаварија која се случува во внатрешноста на населено место. Ова правно лице кое припаѓа под Кисела Вода не се придржувало до елаборатот кој го има доставено. Пред хаваријата инспекцијата утврдила оштетувања и дале насоки да ги корегираат недостатоците но тие не биле поправени и тоа резултираше со изливање. Казнети се со највисока казна и она што кажав е дека иако биле задолжени да го прекинат одност за работа тие не приканле и сега целиот објект им е блокиран и имаат забрана за работа првично 30 дена“, рече Арсовска.

Таа зборуваше и за тоа дека Град Скопје успеале да го намалт бројот на денови на загаден воздух.

„Ние успеавме за две ипол години  со чистење на диви депонии за 23% да го намалиме бројот на денови кога се надминати праговите на загдување. Да го намалиме бројот на денови беше успех. Инспекциските служби се составени од луѓе кои веруваат во тоа што го прават. Нашите служби сакат да видат и ефекти и првите ефекти кога ги видоја дека се намалени деновите на загадување им беше мотивација за нив. Не се плашат, сме имале случаи кога биле напаѓани но не се откажуваат и затоа имаме најголем број на надзори и санкции“, додаде Арсовска.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сити се откажа од Флоријан Вирц

Следно

Од дебарското муфтиство на аџилак заминуваат 84 верници 

Latest from Blog

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според

Ќе оди ли Карпош на предвремени избори?

Замина на боледување, градоначалникот Сотир Лукровски, зад себе остави низа испреплетени реакции како од јавноста така и од опонентите. Законот за локална самоуправа преку Членот 52 меѓу другото објаснува дека градоначалник определува

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клуч за економски развој и регионално поврзување

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Перез: Против нас се водат планирани напади, нема да си одам, останувам претседател!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, објави дека нема намера да ја напушти функцијата. 79-годишниот функционер, исто така, ги негираше извештаите дека има сериозна болест. „Многу ми е жал што морам да
Go toTop