Од дебарското муфтиство на аџилак заминуваат 84 верници 

May 19, 2025
1 min read

Од Дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и општина Маврово и Ростуше, годинава во посета на светите места Мека и Медина, каде се реализира петтиот столб на исламот – аџилакот, ќе заминат 84 верници. 

– За исполнување на петтиот столб од исламот, од нашето муфтиство ќе заминат 84  верници. Со нив во придружба се и тројца водичи за аџиите. Тргнувањето од Дебар, до скопскиот аеродром е на 29 мај од каде заедно со други верници ќе патуваат со чартер летови, рече за МИА, Орхан Зенго, секретар на Дебарското муфтиство.

Најголем број верници кои заминале на аџилак имало минатата година, или 100, претходната 30, а во 2022 година 12 верници.

Како што претходно денеска информираше за МИА, Ирсал Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница, годинава на аџилак ќе заминат 2020 верници од нашата земја, што е идентична бројка како минатата година. 

– Бројката е пополнета согласно квотата што ја одреди Министерството за хаџ на Саудиска Арабија. Верниците ќе патуваат од 24 мај, со 11 авионски чартер летови, со по 180 патници. Тие се од различни возрасти, највозрасниот е над 80 а најмладиот на 10-годишна возраст. Цената за аранжман за Хаџ 1445/2024 е 6.700 евра, што е повисока за 150 евра споредено со минатата година, додаде Јакупи.

Големиот празник Курбан Бајрам, годинава се паѓа на 6  јуни и секогаш се слави четири дена. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска во Аргумент плус: Инспекциските служби на Град Скопје работат со полна пареа

Следно

НА ЦРНИОТ ПАЗАР ВО КАН БИЛЕТИТЕ ЗА ПРЕМИЕРИТЕ СО ЦРВЕН КИЛИМ И ЗАБАВИТЕ СЕ ПРОДАВААТ ЗА 6.000 ДОЛАРИ

Latest from Blog

Тошковски – Рита Колумбија: Заедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија, на која се разговарало за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето

„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)

ФОТО:x.com/Footballtweet Сите во таборот на селекцијата на Египет по поразот од Аргентина беа гневни, особено Мустафа Зико кој не го криеше своето негодување по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Поголемиот дел

Милиони луѓе присуствуваа на погребната поворка на Али Хамнеи

Погребната поворка започна од џамијата Џамкаран и продолжи по авенијата на Пророкот Мухамед, на растојание од околу седум километри, до светилиштето на Хазрат Фатима Масуме. Од раните утрински часови, областа околу светилиштето

Во кои европски земји се намали, а во кои се зголеми продажбата на куќи?

Во изминатите две години, бројот на продадени куќи во Хрватска драстично се намалил. Како што објави во понеделник европската статистичка служба Евростат, минатата година продажбата на куќи во ЕУ се зголеми во
Go toTop