К-15 одржаа спектакуларно шоу во живо за нивниот 30-годишен јубилеј

May 17, 2025
1 min read

Со овации и смеа од почеток до крај публиката во преполната арена „Борис Трајковски“ сношти ги поздрави Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо Бубо Каров по првото шоу во живо со кое прославуваат 30 години  К-15. Вечерта помина многу  музика, смеа и емоции. На сцената се редеа некои од најлегендарните скечеви, но и неочекувани нови скечеви, со кои се коментираше и сегашната состојба во земјата  – духовито, храбро и препознатливо по стилот на К-15.

Посебна реакција предизвикаа громогласната изведба на „Ти си некаде“ од Цацко и раскажувањето на „Кичмата“, пеглањето на Тошо, Климе, Тошо и појавувањето на Бапчо.

Целиот настап беше придружуван од голем оркестар со над 30 врвни музичари, диригирани од маестро Џијан Емин, кој стои зад оркестрациите на песните на „Дуо Трио“, а публиката имаше можност да чуе и сосема нова песна. Режијата е дело на Синиша Евтимов, кој ја обликуваше вечерта во вистинско театарско и музичко доживување.

Ова е само првата од трите планирани вечери – нешто што досега не му успеало на ниту еден македонски артист: три последователни настапи во најголемата арена во земјава.

Саботното, односно, денешното „Второ полувреме“ е распродадено, но остануваат уште мал број билети за третата вечер, кои може да се купат на www.kupikarta.com или на билетарницата во „Борис Трајковски“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Семејството на Теодора од Тетово се уште чека одговор од гостиварска апелација за пресудата за возачот

Следно

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно – во западните делови ќе има повремен локален дожд

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop