Семејството на Теодора од Тетово се уште чека одговор од гостиварска апелација за пресудата за возачот

May 17, 2025
1 min read

Семејството на Теодора Ристовска од Тетово, која во август 2022 година го загуби животот преминувајќи пешачки премин, реагира дека се’ уште не им е пристигнат одговорот од Апелационен суд Гостивар.

Ова следува откако минатиот месец му беше пресудена казна затвор од две години на возачот Менсур Пајазити, а тетовското Обвинителство побара поголема казна за него.

„Уште немаме одговор од Апелација Гостивар. Со ова ни ставаат уште една болка на нашата болка. Имаме уште едно прашање, зошто никој не ја испита јавната обвинителка Вјоса Елмази за нејзиното предомислување за уважување на казната? Уште еднаш упатувам апел дека од пресудата од Тетово, немаме од Апелација никаков одговор.“- Круме Ристовски татко на Теодора.

Од Апелационен суд Гостивар за ТВ 24 велат дека предметот е примен во судот и во тек е жалбената постапка.

„Во Апелациониот суд Гостивар на одлучување по жалба е доставен предметот, примен на 12.05.2025г. Земен е во работа кај судија известител и жалбената постапка е во тек.“ – Апелационен суд Гостивар.

Менсур Пајазити во 2022 година нанесе смртни последици на 22-годишната Теодора Ристовска во Тетово. Апелација му ја преиначи првичната пресуда од три ипол на две години, Судијата Ферати од тетовскиот суд само ја потврди пресудата од Апелација. Во пресудата Судскиот совет не најде правни пропусти.

Според последниот извештај на Државниот завод за ревизија за три години на македонските улици и патишта згаснале 457 животи. Во извештајот е наведено дека во период од 2020-2023 година се случиле над 30.000 сообраќајни несреќи, половина од нив биле со потешки последици, а за 457 луѓе биле фатални.

Нагласено е дека ризикот од несреќи го зголемува и лошата сигнализација и недоволното одржување на патиштата.ретходно од МВР посочија дека камерите на „Безбеден град“ ќе снимаат од следната година, а во меѓувреме Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, кај несовесните возачи ја гледа причината за се’ почестите сообраќајни несреќи.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: „Откривме нови резерви на природен гас во Црното Море“

Следно

К-15 одржаа спектакуларно шоу во живо за нивниот 30-годишен јубилеј

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop