Иран протера двајца германски дипломати

March 1, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Иран денес протера двајца германски дипломати поради „неодговорно мешање на Берлин во внатрешните работи на Иран“, јавува Анадолу.

Портпаролот на иранското МНР, Насер Канани изјави дека германскиот амбасадор во Иран бил повикан во Министерството и бил информиран за одлуката.

Овој потег се случи една недела откако Германија прогласи двајца ирански дипломати за персона нон грата во знак на протест поради смртната казна изречена на германско-иранскиот дисидент Џамшид Шармахд.

Иран го осуди Шармахд на смрт под обвинение за „корупција на земјата“, објави новинската агенција „Мизан“, поврзана со судството.

Техеран го обвинува Шармахд дека ја води групата Собрание на Кралството Иран, антивладина организација обвинета за извршување на бомбашки напад со смртни последици во 2008 година и планирање други напади во земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По дојавите за бомби нема ни онлајн настава: Наставници добиле известување за проблем со лиценците за „Тимс“, од МОН демантираат

Следно

Предложен куќен притвор за манијакот од Скопје

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop