ОЈО побарало документи од факултетот за безбедност за директорот на АНБ

May 12, 2025
1 min read

Обвинителството проверува како директорот на АНБ, Бојан Христовски станал асистент на Факултетот за безбедност, дознава ТВ 24 од доброупатен извор. Според информациите, до факултетот пристигнал допис, со кој се бара целосната документација за неговиот избор.

Кратко по изборот, Христовски ја смени работата со онаа во тајната полиција, но постапката стана контроверзна, поради лажниот ТОЕФЛ сертификат со кој конкурирал за директорската позиција. Од Обвинителството за ТВ24 денеска кусо одговараат: „Се преземаат дејствија, нема ништо ново од последната изјава на обвинителот минатата недела“.

Во меѓувреме, партијата Левица тврди дека Владата планира да го исфрли условот за сертификат за познавање Англиски јазик при конкурурање на функција. Од партијата обвинуваат дека Владата го користи случајот Христовски за системски да ги намали стандардите. Според нив, со последната одлука, се укинува задолжителниот меѓународен сертификат за познавање јазик кај директорите на институции и се заменува со обична потврда, без верификувана вредност. Велат, ова е легализација на неписменоста, по мерка на партиската елита.

Своја реакција за ова денеска имаше и СДСМ. Од таму предупредуваат дека укинувањето на меѓународните сертификати е чекор назад, што ќе ја загрози стручноста и ќе отвори простор за партиски вработувања.

„Ова ги затвора вратите и за независните стручни и компетентни професионалци во областите кои напредувале само со знаење и резултати. Овие одлуки на владата не можат да ја намалат тежината на серијата скандали со фалсификувани сертификати, како оној на Христиовски во АНБ кои треба што поскоро да се расчистат и да следува одговорност.“

Иако денеска побаравме став, од Владата не одговорија дали случајот со Христовски е причината за предложените измени во законот. Истрагата против директорот на АНБ, Бојан Христовски почна лани, по анонимна пријава за сомнителен ТОЕФЛ сертификат од бугарско школо без овластување. Бугарското обвинителство минатиот месец испрати одговор до Скопје, по што случајот се забрза.

Иако истрагата не е завршена, Антикорупциска го затвори предметот, оценувајќи дека документите му се во ред. Четири месеци подоцна, претседателката на комисијата Татјана Димитровска стана осомничена за оддавање службени тајни.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сега и дефинитивно е готово: Бразил го промовираше Анчелоти за нов селектор!

Следно

Актуелниот премиер Еди Рама е на пат да го обезбеди четвртиот последователен мандат

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop