Актуелниот премиер Еди Рама е на пат да го обезбеди четвртиот последователен мандат

May 12, 2025
1 min read

Социјалистите со убедливо предство на изборите во Албанија. Актуелниот премиер Еди Рама пред уште еден четиригодишен мандат. Податоците на центрачната изборна комисија покажуваат дека Социјалистичката партија, која е во коалиција единствено со партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција, има најмалку 83 пратеници во 140 члениот парламент.

Најдобри резултати постигнала во Тирана, Фиер, Драч и Елбасан. Од друга страна, коалицијата предводена од Демократската партија на поранешниот премиер и претседател, Сали Бериша „Алијанса за величествена Албанија“ во која се 25 партии, има најмалку 51 пратеник.

„Изборниот процес мина во согласност со сите регулативи. Регистрирани се неколку помали инциденти, за што ќе бидат преземени соодветни мерки. Граѓаните гласаа достоинствено, а партиите ги замолувам со смиреност и трпение да ги чекаат резултатите.“ – Илирјан Целибаши претседател на Централната Изборна Комисија на Албанија.

Првичните резултати треба да бидат објавени најдоцна до утре. Еди Рама одби да го коментира резултатот се додека не бидат  потврдени официјалните бројки. Сали Бериша пак обвини дека немало никакви анкети туку се е по наредба на Рама.

„Секој глас против режимот заслужува најголема почит. Да издржиме до крајот за да го завршиме пребројувањето и на последниот глас. Тогаш, Демократската партија ќе ги направи сите свои проценки. Видовме како се вработуваат десетици илјади луѓе за да гласдаа, како две ноќи пред изборите беа простени казни од околу 150 милиони евра на над 170 илјади граѓани.“ – Сали Бериша претседател на Демократската партија.

Во однос на останатите партии, Социјалдемократската партија предводена од Том Доши е третата политичка сила во Собранието со 3 мандати, додека коалицијата „Иницијатива Албанија станува“, партијата „Можност“ и Движењето „Заедно“ имаат по еден мандат.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОЈО побарало документи од факултетот за безбедност за директорот на АНБ

Следно

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде беа хоспитализирани повредените од пожарот во Кочани

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop