Најголем дел од патниците во „возот на смртта“ во Грција биле студенти, тврди грчка новинарка

March 1, 2023
1 min read

Грчката новинарка Алексија Калаици, која ја помина ноќта во Солун разговарајќи со преживеаните, рече дека патниците во несреќата морале да ги скршат прозорците за да избегаат од возот.

„Разговаравме со многу млади луѓе кои беа во целосен шок. Еден млад човек, 20-годишен, ни кажа дека мислел дека ќе умре бидејќи слушнал тресок, а потоа почувствувал дека целиот вагон оди настрана и се урива“, рече Калаици.

Додаде дека патниците морале со багажот да ги скршат стаклата и да избегаат од вагонот.

„Ги видоа првите два вагони запалени, а чад имаше насекаде, луѓето беа во паника и врескаа“, опиша таа.

Луѓето со кои разговарала, вели новинарката, се главно студенти кои се враќале од одмор.

„Најлошото им беше на родителите кои ги чекаа децата на железничката станица во Солун и не можеа да ги најдат“, заклучува таа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Досега нема информација дека меѓу жртвите и повредените во Грција има македонски државјани

Следно

Завршена изградбата на улицата Христофер Жефаровиќ

Latest from Blog

МАСОВНО, за цело село…

Оглас од еден македонски огласник, каде една наш сограѓанин продава шанк од МАСОВНО ДРВО. Не масивно, туку масовно. Веројатно, за цело село, се сеќавате на урнебесното видео од „Иде Дунав“. Со среќа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Заев во градбата на висококатница во Дубаи

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ „Во свое појавување пред медиумите, Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на висококатница во Дубаи. Но со тоа, пак, потврди дека
Go toTop