Во земјава се одбележува 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

May 9, 2025
1 min read

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, владина делегација денеска ќе положи цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта Бутел во Скопје. 

Во делегацијата ќе бидат заменик претседателот на Владата за политички систем Љупчо Димовски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерот за правда Игор Филков и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

По положувањето на венците предвидени се обраќања на вицепремирот Димовски и министите Муртезани и Мисајловски, соопшти Министерството за одбрана.

Цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел ќе положат и делегации од Канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија, од Собранието, Армијата, Сојузот на борците на Народно-ослободителната антифашистичка војна, дипломатскиот кор и други организации.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нови четири селекции се пласираа на ракометното ЕП 2026

Следно

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени
Go toTop