Делчев Тодев во Аргуент плус: Полицијата можела да ја запре забавата во дискотеката „Пулс“ во моментот кога евидентирале малолетници

May 8, 2025
1 min read

Генералниот секретар на интернационална полициска организација, Гоце Делчев Тодев во Аргуент плус рече дека, веднаш после трагедијата во Кочани, МВР реагирале навреме.

Според него, полицијата имала ингеренции да ја спречи трагедијата во моментот кога дознала дека во дискотеката има малолетници.

„Јавноста нема никаква слика, освен МВР што се покажа дека ја заврши една од клучните работи и реагираше навреме. Она што го слушаме е дека немаме никаков одговор и нема ништо конкретно. Родителите и блиските секојдневно кукаат на гробовите и цел живот ќе се сеќават на тие сцени. Полицијата може да направи се, и тоа се е во рамките на нивната ингеренција. Ние го имаме моментот каде полициските службеници имале задача легитимирање на лицата и интервенирање ако има малолетни лица. Имавме извештај во кој полицијата имала сознание дека има малолетници и имала ингеренција да прекине се. Можеле да ја прекинат музиката и да интервенираат и би се спречила трагедијата. Кога виделе дека има пиротехника можеле да бараат документ дали е легално и по закон и таа енигма ни е позната но се уште имаме непознати моменти за тоа кој и како издвал дозволи“, рече Делчев Тодев.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Проектот Патот на развојот ќе придонесе за стабилноста на Ирак и целиот регион

Следно

Бел чад од Сикстинската палата – Избран е нов папа

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop