АФАД: Бројот на загинати во земјотресите во Туркије зголемен на 45.089

March 1, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Туркије се искачи на 45.089, соопшти рано утрово Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД), јавува Анадолу.

На 6 февруари, земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтеровата скала погодија 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Над 13 милиони луѓе во Туркије се погодени од земјотресите, и многу луѓе во северозападна Сирија.

Вчера, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети обнова на јужниот регион на земјата по силните земјотреси.

„Со завршувањето на активностите за отстранување на урнатините, започнуваме со обнова и заживување на нашиот регион“, рече Ердоган на брифингот со новинарите во Елбистан, во Кахраманмараш, каде што беше епицентарот на вториот од двата разорни земјотреси.

„За неколку месеци започнуваме со изградба на 309.000 куќи, вклучително и селски куќи, низ подрачјето на земјотресот“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Преживеани патници раскажуваат за ужасот: Превртување, пожар, паника, првите 10 секунди беа кошмар

Следно

САД: Силно го поддржуваме процесот на нормализација на односите меѓу Косово и Србија

Latest from Blog

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време

ВИДЕО – Проданоски: Најголемата инвестиција е инвестицијата во нашите млади

Во прекрасниот амбиент на паркот кај Могилата на непобедените во Прилеп, вечерва беше одржан настан посветен на најуспешните ученици, учесници на државни и меѓународни натпревари, како и на првенците на генерациите. Дејан

Браво за Зеленортските Острови

Синоќа и утринава се одиграа уште шест меча од 3.коло во групната фаза на ова СП. Интересни резултати, сензации, имаше и калкулации ама секако дека најголемото пријатно изненадување е селекцијата на Зеленортските

Македонската берза ја заврши неделата со промет од 72,8 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 22.06.2026 до 26.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 72.798.475 денари, од кои
Go toTop