Преживеани патници раскажуваат за ужасот: Превртување, пожар, паника, првите 10 секунди беа кошмар

March 1, 2023
1 min read

Патниците кои ја преживеаја тешка железничка несреќа во близина на грчкиот град Лариса, за медиумите изјавиле дека слушнале силен удар, а потоа вагоните почнале да се превртуваат.

Како што рекоа, околу нив имало пламени јазици од сите страни, а некои се спасиле скокајќи од вагонот од голема височина.

-Слушнавме силен тресок. Следните 10 секунди беа пекол. Се превртувавме во вагонот додека композицијата конечно не застана и тогаш паднавме. Потоа следуваше паниката. Кабли, пожар… Пожарот започна веднаш. Додека се превртувавме, горевме. Пожарот беше лево и десно“, изјави за Ројтерс Стергиос Миненис, кој ја преживеа несреќата.

Друг патник вели дека првите 10 до 15 секунди по несреќата биле хаос. И тој ја наведува истата ужасна ситуација – превртување, пожар, закачени кабли, скршени прозорци, заробени луѓе кои врескаат…

Снимките направени веднаш по судирот покажуваат густ чад кој извира од превртените вагони. Најмалку еден беше целосно смачкан.

На местото на настанот излегле околу 150 пожарникари и 40 екипи за итна помош. Спасувачите соопштија дека поради сериозноста на судирот условите за спасување биле многу тешки.

-Никогаш во животот не сум видел вакво нешто. Тоа е трагедија. Пет часа по судирот, сè уште наоѓаме тела, изјави за AFP исцрпен спасувач кој излегол од возот.

Според последните податоци, најмалку 32 лица загинаа, а 85 се повредени во сударот на брз патнички и товарен воз во близина на градот Лариса. Возот сообраќал на линијата Атина-Солун, а причината за несреќата засега не е позната.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието треба да ја почне расправата за избор на нови заменици – министри

Следно

АФАД: Бројот на загинати во земјотресите во Туркије зголемен на 45.089

Latest from Blog

Милеј одликуван во Израел, најавена директна авиолинија Тел Авив – Буенос Аирес

Херцог го нарече десничарскиот либертаријански лидер „близок пријател на Израел“. Милеј, исто така, запали свечен факел во рамките на одбележувањето на 78-годишнината од основањето на Државата Израел на 14 мај 1948 година.

Деспотовски: Клучно е да се бара активно вклучување од Брисел, Париз, Берлин и притисок

Понудата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите беше ОК е уставни измени, меѓутоа со одложено дејство и второто беше гаранции во смисла да не повторуваат блокадите понатаму, истакна Јован Деспотовски во вечерашната дебата во

Антонио Ридигер одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Идината на германскиот репрезентативец Антонио Ридигер во Реал Мадрид станува сè појасна. Според шпанските медиуми, 33-годишниот централен бек е блиску до продолжување на договорот, кој истекува ова лето. Иако Ридигер се надеваше
Go toTop