Фон дер Лајен: Лош мировен договор за Украина ќе донесе поголема нестабилност и несигурност

May 7, 2025
2 mins read

Во неделата кога одбележуваме 80 години од крајот на Втората светска војна, уште еднаш се наоѓаме во одлучувачки момент во историјата на Европа, кога од начинот на кој ќе запре војната во Украина ќе зависи како ќе биде обликуван нашиот континент за генерациите што доаѓаат, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на дебатата во Европарламентот посветена на поддршка на ЕУ за постигнување праведен, одржлив и сеопфатен мир во Украина. 

Според Фон дер Лајен, од тој мир ќе зависи иднината на Украинците, но и на Европа, бидејќи постигнувањето лош мировен договор би можел да го охрабри рускиот претседател Владимир Путин подоцна да се врати и да се обиде да освои повеќе територија.  

– Тоа би бил рецепт за поголема нестабилност и несигурност. Наместо тоа, праведен и траен мир би можел да воведе нова ера на просперитет за Украина и да ни помогне да изградиме нова безбедносна архитектура за Европа. Праведен и траен мир, кој ќе го обезбеди суверенитетот на Украина, ќе го почитува нејзиниот територијален интегритет и ќе ги поддржува нејзините европски аспирации. Ова е крстосницата со која се соочуваме, а Европа има огромен влог. Затоа мора да направиме се што е во наша моќ да ја зајакнеме позицијата на Украина, порача Фон дер Лајен. 

Според неа, Путин сака да го принуди Киев „да го прифати неприфатливото“, па затоа ЕУ се соочува со задачата да и помогне на Украина да застане цврсто, да им се спротивстави на заплашувањата и да се вклучи во мировни разговори врз основа на сопствени услови.  

Фон дер Лајен нагласи дека за постигнување на оваа цел ЕУ мора да ја поддржи одбраната на Украина, да се откаже од руските фосилни горива и да го забрза патот на Киев кон членство во Унијата. 

– Русија е трајна закана за цела Европа, па затоа Украина мора да биде доволно силна за да одврати секаков иден напад. Европа веќе ја поддржа Украина со 50 милијарди евра воена помош, но сега мора да преминеме од логиката на помагање кон интеграција на нашите одбранбени индустрии. Ова е централен елемент во нашата Бела книга „Подготвеност 2030“. Ги охрабруваме нашите земји членки директно да нарачуваат од одбранбената индустрија на Украина, бидејќи ова е најефикасниот и најисплатлив начин за поддршка на воените напори на Украина, рече Фон дер Лајен. 

Таа потенцира дека паралелено со поддршката на Украина, ЕУ мора да продолжиме да ја поткопува способноста на Русија да води војна, за што мора да ги намали руските приходи од фосилни горива, кои Москва ги користи за финансирање за својата воена машинерија.  

– Наш основен безбедносен интерес е да престанеме да го финансираме воениот фонд на Путин, а за тоа мора да престанеме да трошиме милијарди за увоз на руски енергенси, истакна Фон дер Лајен. 

Претседателката на ЕК потенцира дека од почетокот на војната во Украина, ЕУ постигна неверојатен напредок во намалувањето на увозот на енергенси од Русија и дека треба да се продолжи со таквото темпо, бидејќи „повторното отворање на славините за руски гас и нафта“ би била грешка од историски размери.  

Фон дер Лајен додаде дека ЕУ во исто време мора и да го забрза патот на Украина кон членство во блокот, што може да биде најсилната безбедносна гаранција.  

– Приклучувањето на Украина кон нашата Унија е најголемата гаранција за праведен и траен мир. Во нашата историја, мирот и европската интеграција отсекогаш оделе рака под рака. Затоа, да ја внесеме Украина во нашата Унија. Да одиме заедно по патот на мирот, заклучи Фон дер Лајен во обраќањето.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Цветановски во Студио 10: Кое е значењето на Македонскиот дијалектен атлас

Следно

Европската Комисија не го запишува Богојески како правен застапник на Еразмус во Македонија: “Сѐ уште го оценуваме назначувањето”

Latest from Blog

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Шамбевски повикува на независна истрага за злоупотребите во СЈО

Сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, е едно од најсериозните и најдиректните откритија за тоа како функционирала злоупотребата на правосудниот систем во Македонија. Ова не е сензационализам – тоа е

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,
Go toTop