Европската Комисија не го запишува Богојески како правен застапник на Еразмус во Македонија: “Сѐ уште го оценуваме назначувањето”

May 7, 2025
1 min read

Од извори од Брисел Рацин.мк има информација дека Европската комисија сѐ уште ја нема извршено промената на правниот застапник за Еразмус образовните програми во Северна Македонија, односно, се нема произнесено за именувањето на Петар Богојески за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Еразмус +).

Во врска со ова Рацин.мк побара и официјална информација од Делегацијата на ЕУ во Скопје за ова прашање.

Од таму ни одговорија:

„Во овој момент можеме само да повториме дека Европската комисија не беше вклучена во процесот на избор и номинирање на г-дин Богојески и сè уште го оценува назначувањето.“

Според нашите сознанија при постапката на именување/избор на директор на НА за европски образовни програми и мобиност (Еразмус +), Европската Комисија не мора(ла) да биде вклучена во процесот, но дека во досегашната пракса било вообичаено за изборот на првиот човек на агенцијата да даде оценка и Европската Комисија.

Изворот на Рацин.мк не сакаше да коментира какви последици ќе има доколку ЕК донесе негативно мислење за изборот/именувањето на Богојески.

Информациите на Рацин.мк говорат дека, најверојатно, Европската Комисија интерно ќе ја известат Владата дека за нив не е прифатливо именувањето на лице кое не ги почитува вредносите на ЕУ, да ја предводи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Еразмус +).

Како што е познато, именувањето на Петар Богојески за директор на оваа агенција предизвика широки реакции во јавноста поради неговите изјави со вознемирувачки говор, навреди и говор на омраза, како постапки кои се спротивни на европските вредности.

За трите програми на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (Еразмус +) во 2025 година се предвидени нешто повеќе од 7,7 милиони евра од фондовите за образование и за мобилност на Европската унија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фон дер Лајен: Лош мировен договор за Украина ќе донесе поголема нестабилност и несигурност

Следно

Уапсен возач кој во алкохолизирана состојба извадил нож и се заканувал на полицијата во Струмица

Latest from Blog

Македонската „Грин Машинс“ на три светски саеми во иста недела — Минхен, Лас Вегас и Ливерпул

Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, деновиве привлекоа големо внимание во Германија на светскиот саем ИФАТ — водечки меѓународен саем за технологии за животна

Хајделберг факултет: Дуалното образование е клучот за поврзување на младите со компаниите и за создавање кадар подготвен за реалната економија

Скопје, 8 мај 2026 – Дуалното образование не е само образовен модел, туку стратешка инвестиција во иднината на младите, компаниите и македонската економија. Ова беше главната порака од форумската дебата „Дуално образование
Go toTop