СДСМ: Нови повисоки цени за граѓаните по истекот на мерката „замрзнати маржи“

May 7, 2025
1 min read

За новите ценовни шокови со кои се соочуваат граѓаните, социјалдемократите велат дека се по мерка на маркетите и продавниците, се поради погрешната економска политика на Владта предводена од Христијан Мицкоски. Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Лолита Ристова информира дека, по истекот на мерката за замрзнати маржи, цените на прехрамбенте производи, повторно драстично се покачени.

„Храната и производите кои и со замрзнатите маржи не беа достапни за граѓаните – денес се уште поскапи. Маслото за јадење е покачено од 89 на 92 денари, млекото над 72 денари, покачени се цените на јајцата, месото, сирењето, соковите. Средствата за хигиена поскапеа дури и за 60 проценти! Граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови. Ова е резултат на трајно погрешна економска политика на владата“.

Ристова потсетува дека пропаднаа и т.н. есенска и новогодишната кошничка, но и дека пропаѓаат и замрзнатите маржи бидејќи цените продолжуваат да растат а стандардот и понатаму тоне.

„Животот во Македонија станува се поскап, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, се мислат дали да платат сметки овој месец или да купат храна. Платите им се премали и не им стигнуваат ни до 15 ти во месецот. Синдикалната кошничка е покачена, за едно четиричлено семејство, потребни се најмалку 62.700 денари месечно. Ниту три минимални плати не го покриваат тој минимален износ. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, за функционерите од власта има богато мени од манго и папаја“, вели Ристова.

Според неа власта нема слух и одбива да ги покачи и минималната плата и платите на работниците воопшто.

„Не прифаќа ниту еден од предлозите на СДСМ за: укинување на ДДВ за основните производи, за минимална плата од 500 евра, за зголемување на платите во приватниот сектор. Одбива буквално сè што доаѓа од СДСМ. Оваа инает политика е на директна штета по стандардот на народот. Не може во најголемиот буџет нема пари за повисоки плати за работниците! Не може власта да троши 6,5 милијарди евра а да не сака да се откаже од ДДВ за храна“, вели таа.

Социјалдемократите бараат власта веднаш да се откаже од штетните економски политики и да ги прифати предлозите на СДСМ кои ќе значат вистинско намалување на цените и покачување на платите.

„Само со укинување на ДДВ за храна ќе се намалат цените на 250 производи. Тоа го бара народот и тоа го заслужува. Граѓаните заслужуваат достоинствен живот, стандард и држава што стои зад нив кога им е најтешко“, потенцира Ристова.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бразилецот Жоржињо го напушта Арсенал

Следно

Чудотворецот Зомер ја избра најдобрата од трите нестварни одбрани против Барса (ВИДЕО)

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop