ТЕХНОФЕСТ привлече 225.000 посетители во Лефкоша

May 5, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Околу 225.000 луѓе присуствуваа на ТЕХНОФЕСТ, водечки турски фестивал за технологија, воздухопловство и вселена, кој се одржа викендов во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), јавува Анадолу.

Фестивалот започна во четврток на стариот аеродром „Ерџан“ во Лефкоша, главниот град на ТРСК, под покровителство на Претседателството на таа држава.

Настанот понуди богата програма со натпревари, воздушни акробации, изложби и работилници.

„ТЕХНОФЕСТ не е само технолошки натпревар. ТЕХНОФЕСТ е приказна за будење на една нација“, рече Селџук Бајрактар, раководител на настанот, на вчерашната церемонија на затворањето.

„Тука се гради самоуверена генерација. Овој пат не е лесен – ќе има пречки пред нас – но никогаш нема да застанеме“, додаде тој.

Следното издание на фестивалот ќе се одржи во септември во Истанбул.

Министерот за индустрија и технологија на Туркије, Мехмет Фатих Качир, истакна дека ТРСК има цел да стане ИТ-центар што нуди услуги на глобално ниво, а ТЕХНОФЕСТ ја одразува токму таа визија.

Организиран од Фондацијата на Турскиот технолошки тим (Т3) и Министерството за индустрија и технологија на Турција, ТЕХНОФЕСТ од 2018 година се одржува секоја година со поддршка од десетици владини агенции, приватни компании и универзитети.

Анадолу и понатаму е глобален комуникациски партнер на фестивалот.

Традиционално, ТЕХНОФЕСТ се одржува во различни турски градови во парни години, а во Истанбул во непарни.

По Азербејџан во 2022 година ТРСК е втор меѓународен домаќин на фестивалот.

Во 2024 година фестивалот во турскиот град Адана собра околу 1,1 милион посетители.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Индиски медиуми: Индија го прекина протокот на вода од реката Ченаб кон Пакистан

Следно

Во Лондон почнува прославата на 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop