Во Лондон почнува прославата на 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна

May 5, 2025
1 min read

Во Велика Британија денеска почнуваат четиридневни прослави на 80-годишнината од завршувањето на Втората светска војна со воена парада и прелет на авиони, кои ќе ги следат кралот Чарлс и високи членови на кралското семејство.

Безусловната капитулација на нацистичка Германија стапи во сила на 8 мај 1945 година и тој датум се слави како Ден на победата во Европа, а британската влада планира низа настани за одбележување на годишнината.

Одбележувањето почнува денеска кога познатиот лондонски часовник Биг Бен ќе отчука пладне, кога ќе се прочитаат извадоци од говорот на британскиот воен премиер Винстон Черчил.

Повеќе од 1.300 припадници на британските вооружени сили потоа ќе маршираат низ центарот на Лондон од зградата на парламентот до Бакингемската палата, а ќе ги гледаат кралот, кралицата Камила, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, заедно со премиерот Кир Стармер и воени ветерани. Украинските вооружени сили исто така ќе учествуваат за да се покаже поддршката на Велика Британија за нејзината војна против Русија.

По завршувањето на поворката, ќе се одржи прелет на историски воени авиони и акробатскиот тим Црвени стрели на Кралското воено воздухопловство, кои кралското семејство ќе ги набљудува од балконот на Бакингемската палата. Кралското семејство потоа на чајна забава во палатата ќе биде домаќин на педесетина ветерани и други кои го преживеале војната.

– Оваа 80-годишнина е момент на национално единство. Време е за прослава на тешко стекнатиот мир, оддавање почит на споменот на оние кои ги загубија животите и сеќавање на жртвите што многумина ги поднесоа за да ја извојуваат нашата слобода, рече Стармер.

В четврток, на 80-годишнината, кралското семејство ќе присуствува на благодарствена миса во лондонската Вестминстерска опатија на која ќе говори и Стармер. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТЕХНОФЕСТ привлече 225.000 посетители во Лефкоша

Следно

Лулуди: Насилството врз жените е институционален и системски проблем кој не смееме да дозволиме да биде по цена на нечиј живот

Latest from Blog

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги

22,7 милиони денари промет на Берзата – најголем интерес за банкарските акци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.08.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.243,19 поени. Во
Go toTop