Законот за енергетика во второ читање во Собранието

May 5, 2025
1 min read

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, во чии рамки ќе биде разгледан новиот Закон за енергетика, кој е во второ читање. Овој Предлог-закон е на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.

Министерката за енергетика Сања Божиновска неодамна во разговор за МИА изјави дека овој закон е еден од најважните бидејќи во него се имплементирани сите европски директиви. Законот, како што посочи таа, е изработен со домашни капацитети, без странски консултанти. 

– Таму првпат се регулираат батериите, односно складирањето на електрична енергија, се формираат граѓански заедници. Тука првпат почнува да се прави методологија за мерење енергетска сиромаштија. Со овој закон, МЕПСО ќе помине под Министерството за енергетика што е нормално и очекувано. Исто така има и за нафта, за гас. Има многу работи, станува збор за многу обемен закон со 317 членови, истакна Божиновска.

И според министерката Божиновска и според претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, најголем предизвик во следниот период ќе биде изработката и усвојувањето на подзаконските акти и регулативи.

Во македонското Собрание, денеска ќе се одржи и консултативна дебата на тема „Ситуацијата на децата и адолесцентите во Северна Македонија“ на која воведни излагања ќе имаат Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија и Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во земјава. На дебатата ќе бидат презентирани клучните наоди од Анализата на УНИЦЕФ за ситуацијата на децата и адолесцентите.

Македонското Собрание денеска ќе биде посетено и од студенти на специјализација на командно-штабни должности на Воената академија „Михајло Апостолски – Скопје при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Релиќ со нов сребрен медал и поблиску до Олимпијадата во Лос Анџелес

Следно

Денеска славиме: Ден на македонскиот јазик, 80 години „Македонски правопис“

Latest from Blog

Се огласи и Блатер: Инфантино многу се дружи со Трамп, никој нема право да ја продава нашата игра!

Поранешниот претседател на ФИФА Јозеф Блатер, кој долги години беше на претседателското столче во Светската куќа на фудбалот, се јави со коментар по шокантните најави дека ФИФА има план да продадва удели

Д-р Даниловски за Западно нилската треска: Осумте регистрирани случаи се видливиот дел од една епидемиолошка „санта мраз“

„Во Македонија досега се регистрирани осум случаи на Западно нилска треска. Сите регистрирани пациенти имале тешка, невроинвазивна форма на болеста, со зафаќање на централниот нервен систем. Оваа информација заслужува малку подлабоко епидемиолошко

УЕФА сака да стави крај на бесмислените проверки на ВАР за се и сешто!

На состанокот на водечките судии одржан заедно со претставници на Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB), било оценето дека претерано долгите и детални проверки на ВАР се знак дека технологијата го надминала

Нетанјаху ја напушти Белата куќа по средбата со американскиот претседател Трамп

„Претседателот Трамп ги заврши средбите во Овалната соба со претседателот (на Украина, Володимир) Зеленски и со премиерот (на Израел, Бенјамин) Нетанјаху. Двете средби беа позитивни и продуктивни“, напиша портпаролката на Белата куќа,

Лукровски: Граѓаните од Карпош ќе можат да поднесат барање за обесштетување од невремето

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, во емисијата ,,На прва“, на МРТ1, информираше дека е подготвен образец за пријавување на штетите, кој граѓаните можат да го подигнат во Општината или да го
Go toTop