Релиќ со нов сребрен медал и поблиску до Олимпијадата во Лос Анџелес

May 5, 2025
1 min read

Сребрен медал и нови 7,20 поени за олимписката ранг листа за квалификации за Лос Анџелес 2028 година, викендов, освои македонската олимпијка и најдобра спортистка за 2024 година, Милијана Релиќ.

Успехот го постигна на силниот Г-1 турнир во таеквондо во Криштианштад, Шведска.

Во првото коло Мила беше поуспешна со 2:0 во рунди од домашната натпреварувачка Нора Хогфелт, следуваше победа над шведската репрезентативка Тиндра Андерсон со 2:0 во рунди. Во полуфиналето, Мила издвојува победа над Чиа Веи Ванг од Тајпеј со 2:1 во рунди. Во  финалето, таа беше поразена од хрватската натпреварувачка Дора Мештровиќ.

Од ТКД Тигри настапи и Горјан Бадаровски кој освои бронзен медал во категорија сениори +87кг. Бадаровски освои бронза и на Скопје Рамус Г-1 опен во март годинава.

Од Македонија свое деби во сениорска конкуренција имаа и младите Христијан Симоновски и Давид Божиновски од ТКД Младост.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево и топло, попладне дожд во одредени делови од земјата

Следно

Законот за енергетика во второ читање во Собранието

Latest from Blog

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,
Go toTop