СКОРСЕЗЕ СНИМИ ДОКУМЕНТАРЕЦ СО ПАПАТА ФРАЊО, ГО СОДРЖИ ПОСЛЕДНОТО ИНТЕРВЈУ СО НЕГО

May 1, 2025
1 min read

Мартин Скорсезе сними документарен филм со покојниот папа Фрањо, кој вклучува разговори помеѓу нив и последното интервју со папата пред камера.

„Алдеас – нова приказна“ раскажува за непрофитната меѓународна организација „Сколас окурентес“, основана од Фрањо во 2013 за да ја промовира „културата на средба“ помеѓу младите. Филмот е снимен на локации во Индонезија, Гамбија и Италија.

„Документарецот ќе биде сведоштво за трајното верување дека креативноста не е само средство за изразување, туку и пат до надежта и трансформацијата“, објави продукциската куќа на Скорсезе, „Сикелија“.

Засега не е објавено кога ќе излезе филмот.

„Сега, повеќе од кога било, треба да разговараме едни со други, да се слушаме меѓусебно меѓукултурно. Еден од најдобрите начини да се постигне ова е преку споделување лични животни приказни и искуства. На папата Фрањо му беше важно луѓето ширум светот да разменуваат идеи со почит, а истовремено да го зачуваат својот културен идентитет и киното е најдобриот медиум за тоа“, рече Скорсезе, кој неколкупати се сретнал со Фрањо.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МЕПСО: Преносниот систем е стабилен, досега нема потреба од активирање на привремените мерки

Следно

ВРЕДИ со канидат бизнисмен во Струга? Менди Ќира вели дека никому не кажал „да“

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop