МЕПСО: Преносниот систем е стабилен, досега нема потреба од активирање на привремените мерки

May 1, 2025
1 min read

Засега не постојат никакви ризици по стабилноста на преносната мрежа во државата. Електроенергетскиот систем е стабилен, сигурен и под 24-часовен мониторинг на регионалните текови на електрична енергија, од страна на Националниот диспечерски центар при АД МЕПСО. Сите параметри на преносната мрежа се во рамки на нормалата и до овој момент немаше потреба од активирање на мерките кои ги одобри Регулаторната комисија за енергетика, соопшти  АД МЕПСО.

Според вчерашната Одлука на РКЕ, АД МЕПСО како оператор на електропреносниот систем може во периодот од 1 мај до 31 октомври да преземе привремени и строго контролирани мерки само доколку постои реална опасност по стабилноста на системот.

Тоа вклучува можност за исклучување на производители на електрична енергија приклучени на преносната или дистрибутивната мрежа. На исклучените производители нема да им се пресметуваат отстапувањата, а повластените производители нема да бидат засегнати од ваквите мерки.

„Овие времени мерки се стандардни, превентивни мерки усогласени со ENTSO-E ( Европска мрежа на оператори на преносните системи на електрична енергија) и се применуваат во исклучителни ситуации, кога производството на електрична енергија од фотоволтаици е поголемо од потрошувачката, поради неопходноста од одржување на фреквенцијата на ЕЕС и  регулирање на евентуалниот дебаланс. Целта е јасна, одржување сигурен, стабилен и доверлив енергетски систем во кој обновливите извори на енергија се управуваат одговорно и безбедно“, соопшти АД МЕПСО.

Посочува дека останува посветен на безбедноста и сигурноста на електроенергетскиот систем, во интерес на сите потрошувачи и учесници на пазарот на електрична енергија. 

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Во тек е обдукција на четирите жртви од несреќата во српска Топола

Следно

СКОРСЕЗЕ СНИМИ ДОКУМЕНТАРЕЦ СО ПАПАТА ФРАЊО, ГО СОДРЖИ ПОСЛЕДНОТО ИНТЕРВЈУ СО НЕГО

Latest from Blog

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал

„Комуналец“ и еко активистите од „Мој Прилеп“ спроведоа акција за чистење на дворот на „Орде Чопела“

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на

Комуналец – Прилеп и „Мој Прилеп“ со успешна акција: Исчистен дворот на „Орде Чопела“

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на

Нема милост за „мастачите“: Карвина исфрлена во најнизок ранг на натпреварување

Одделот за етика при Фудбалската Федерација на Чешка, донесе одлука, со која екипата на Карвина се исфрлува во најнизок ранг на натпреварување поради три наместени мечеви. Ова е клуб кој што е
Go toTop