Камбовски: Финансиската зависност ја уништува судската независност, да се промени начинот на кој се прават реформите

April 30, 2025
1 min read

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, предупреди дека без реална финансиска автономија, судството не може да биде вистински независно. Според него, сегашниот модел на реформирање е неефикасен, а суштински промени може да се постигнат само со нов пристап, промена на закони и кадровско зајакнување.

Во изјава за медиуми по отворањето на конференцијата „Зајакнување на судската независност и одговорност преку поголема ефикасност на постапките Камбовски остро реагираше на тоа што, и покрај добрите закони, судството не ги добива предвидените средства и е блокирано од бирократски процедури.

-Не треба да престане со реформи. Очигледно во минатото тие реформи не вродиле плод. Треба да се промени начинот на кој што се прават тие реформи, да се промени матрицата на размислување и конечно веќе судството да ја добие финансиската независност која што му припаѓа согласно законот. Бидејќи не можеме да зборуваме за независност на судство, доколку тоа исто судство е зависно од некоја од другите власти, истакна Камбовски, додавајќи дека проблемот не е само во институционалните објекти, туку и во човечките и техничките капацитети.

Особено алармантен, како што дополни, е фактот дека околу 200 вработени во судовите остануваат без продолжени договори.

-Имавме околу 200 луѓе на ниво на цела држава кои што имаа до 31 март договори на неопределено време. Меѓутоа, до денеска не им се продолжени договорите, ниту се објавени нови огласи. За секое вработување мораме да добиеме согласност од Министерството за финансии. Ако навистина сакаме финансиска независност, тогаш судството не треба да зависи од вакви одобренија, кои некогаш не ни ги добиваме, посочи тој.

Во однос на транспарентноста и довербата, Камбовски порача дека персоналните оставки не се решение за системски проблеми.

-Оставките не се реформи. Судскиот совет е целосно променет. Впечатокот што се влече е од минатиот состав на Судскиот совет. Сега половина од судскиот совет е променет и така го замислил уставотворецот судскиот совет постојано внатре да има флуктација на нови членови, а доколку сакаме навистина да направиме некоја реформа, таа се прави на друг начин, со промена на законот, со намалување на мандат, со депрофесионализација на судски и обвинителски совет, а само персонални промени, тука нема ништо, која е гаранцијата дека новите членови што ќе дојдат ќе бидат подорбри, рече Камбовски.

Информираше и дека изборот за нов претседател на Врховниот суд е при крај и се очекува наскоро да биде ставен на дневен ред на некоја од наредните седници на Судскиот совет.

Потребата од суштински реформи, поголема ефикасност на судските постапки и унапредување на судската автономија беа во фокусот на судиската конференција „Зајакнување на судската независност и одговорност преку поголема ефикасност на постапките“, организирана од Здружението на судии на РСМ со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силен ветер ја зафати Грција, јачина од 134 км/ч

Следно

КАКО ШТО ДЕНЕС ЈА ПРЕТСТАВУВАМ ПАРИСКАТА ОПЕРА, ТАКА САКАМ И МАКЕДОНИЈА ДА ЈА ПРЕТСТАВАМ ТАМУ, РЕЧЕ БАЛЕРИНАТА РОКСАН СТОЈАНОВ НА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

Latest from Blog

Министерство за финансии: 41 проект ќе биде основа за капиталните инвестиции во 2027 година

10 август 2026, Скопје – Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции

Бошко Ѓуровски повикува на полн стадион на дуелот Црвена Звезда – Хапоел

Некогашниот македонски селектор, и неспомнено наша фудбалска легенда, Бошко Ѓуровски денеска излезе со изјава во медиумите во Србија со која повикува на масовна посетеност на дуелот од третото квалификациско коло од Лигата

ВИДЕО | ОРБАН НА РАКИЈА ВО ГУЧА – Друштво му правеа моќници од унгарскиот бизнис

Виктор Орбан беше забележан во опуштено издание на познатиот Собир на трубачи во Гуча, Србија, каде што наздравуваше со традиционална ракија во друштво на влијателни луѓе од унгарскиот бизнис-сектор. На снимките, кои

На пеколна жештина, повеќе од еден час чекање за влез во Македонија

Пеколните августовски температури не ги спречија колоните на македонските гранични премини. Додека жештината во земјава се приближува до 40 степени, патниците кои денеска влегуваат преку Табановце чекаат повеќе од еден час, а

Николоски: Се поклонуваме пред хероите кои го дадоа животот за Македонија

Денеска се одбележуваат 25 години од масакрот кај Љуботенски бачила, во кој животите трагично ги загубија осум македонски бранители. По тој повод, делегација на Владата предводена од вицепремиерот и министер за транспорт
Go toTop