Истекува мерката за ограничување на маржите, дали ќе има покачувања останува на совеста на трговците

April 30, 2025
3 mins read

Истекува мерката за ограничување на цените и маржите што ја воведе Владата пред рамазанските и велигденските празници. Од Министерството за економија и труд велат дека прво ќе ги согледаат конечните резултати што ги даде мерката, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Доколку има злоупотреби најавуваат нови поригорозни мерки.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши порача дека ќе има ограничување на маржите за речиси сите производи или зголемување на вредноста на ограничувањето на маржите доколку по завршувањето на владината мерка Државниот пазарен инспекторат утврди девијантно однесување од страна на маркетите и енормно зголемување на цените. 

Како што вели, ограничувањето на маржите до 10 отсто дало резултати и се намалени цените на храната и пијалаците.

Од Министерството за економија и труд информираат дека министерот Бесар Дурмиши, неговиот заменик Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, денеска ќе п

-Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека мерката дава резултати, односно во март имаме инфлација од 2,7 проценти, а споредено со февруари имаме дефлација за 1,3 проценти, во делот на храна и пијалаци. Истите информации покажуваат дека и овој месец цените во делот на храна и пијалаци се намалени, така што оваа мерка дава  резултати. Со Државниот пазарен инспекторат ќе бидеме на терен, ќе ги следиме цените ако има девијантно однесување од страна на маркетите или ако има енормно зголемување на цените нормално дека ќе одиме пак со нови мерки, изјави неодамна Дурмиши.

Ако трговците не се однесуваат како што треба или пак ги зголемуваат цените најави дека ќе има поригорозни мерки од тие што ги имавме досега. 

-Ако сега се опфатени 102 групи на основни прехранбени и непрехранбени производи тоа значи дека ќе опфатиме уште повеќе групи. Со одлуката што ќе ја донесеме за ограничување на маржите, ќе ги опфатиме скоро сите производи што ги имаат синџирите на маркети или вредноста на ограничувањето на маржите ќе биде поголема, рече Дурмиши. 

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески  вчера посочи дека досегашните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека се добри резултатите од воведувањето на мерката, но кажа дека ќе ги чекаат крајните резултати кои ќе бидат готови наредната недела за да одлучат што ќе прават понатаму. 

-Ако има потреба би продолжиле со мерката, а ако нема тогаш останува пазарната економија да ги регулира цените, изјави Ристески. 

Се надевам, додаде, дека поучени од минатото сите учесници во синџирот на трговија веќе ја научија лекцијата дека пред се треба да бидат граѓаните и заштитата на животниот стандард. 

Словенечката Влада донесе одлука со која пензионерите ќе можат да пазарат само од 8 до 10 наутро, кога маркетите ќе бидат отворени само за нив, јави дописникот на МИА од Љубљана.

-Сите заедно треба да направиме се за да го заштитиме стандардот на граѓаните и да не правиме вештачко подигнување на инфлацијата и цените кога нема економски прилики за тоа, односно да ги почитуваме законите на економијата, посочи Ристески.

На предлог на Министерството за економија и труд од 20 март годинава се применува ограничена бруто профитната маржа на 102 групи на производи и за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи. Мерките истекуваат денеска.

Со измени на Законот за заштита на потрошувачи, што стапија во сила на 18. месецов, трговците на мало се обврзани јавно да ги објавуваат цените на производите на своите веб страници и да ги ажурираат секој ден до 10 часот. 

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) предлага да се направи алатка за компаративна споредба на цените на производите, а од Министерството за економија и труд  велат дека е потребно да помине еден месец од имплементацијата на обврската за да се согледаат резултатите, но не ја исклучуваат можноста да има општа веб-страница на која граѓаните ќе може да ги проверуваат цените на производите.   

Се уште се анализира дали во просечната потрошувачка кошничка што ја подготвува Министерството  економија и труд ќе се однесува на тричлено или четиричлено семејство. Како што изјави завчера ресорниот министер, се дискутира на таа тема, ги анализираат сите податоци, ќе се земе мислење од сите претставници во работната група и ќе се излезе со заеднички став. 

– Имаме драфт верзија на која се дикутира, а во наредниот период во најкраток  рок ќе биде достапна за граѓаните, новинарите, синдикатите. Направивме многу добра просечна потрошувачка кошница со податоци од релевантите институции, ќе ги опфати сите граѓани, точно ќе биде прецизирано точно кои производи во кој временски период се трошат, а ќе биде прецизирано и од каде се земени цените – ќе се земат од повеќе трговци не само од два или три како што е во синдикалната кошница, ќе биде земе  во предвид и колку членови на семејствата ќе се опфатат. Работиме во оваа насока, Работната група работи веќе два месеца работи, мислам дека идниот месец ќе го имаме документот, ќе биде разгледан првин од другите членови на Владата и кога ќе се утврди резперезентативност на синдикатите ќе се достави и до ЕСС, ќе се разгледа, ќе се гласа и ќе биде достапна за граѓаните, изјави Дурмиши, на новинарско прашање.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Запалена викенд куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Пандов

Следно

Сончево со мала до умерена локална облачност – температурите до 27 степени!

Latest from Blog

Цело Валандово и неколку села во петок ќе останат без струја

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во петок (02.05.2025г. од 06:00 до 07:30 часот) екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и

КАКО ШТО ДЕНЕС ЈА ПРЕТСТАВУВАМ ПАРИСКАТА ОПЕРА, ТАКА САКАМ И МАКЕДОНИЈА ДА ЈА ПРЕТСТАВАМ ТАМУ, РЕЧЕ БАЛЕРИНАТА РОКСАН СТОЈАНОВ НА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

Многу сум среќна што ја добивам оваа награда во Скопје, точно каде што ги направив моите први танцувачки чекори. Исто така, во Скопје настапив за првпат на сцена во улогата на Ѕвончица

Камбовски: Финансиската зависност ја уништува судската независност, да се промени начинот на кој се прават реформите

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, предупреди дека без реална финансиска автономија, судството не може да биде вистински независно. Според него, сегашниот модел на реформирање е неефикасен, а суштински промени може да
Go toTop