Таравари: На располагање сме како министерство да помогнеме на сите акции за да се исчисти криминалот и корупцијата во здравството

April 24, 2025
1 min read

Како Министерство за здравство стоиме на располагање за да се исчисти криминалот и корупцијата во здравство, порача денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, кој во при посетата на Кумановската болница одговараше на новинарско прашање за вчерашната акција на полицијата во врска со незаконско доделување на инвалидски пензии. Таравари потсети дека претходно имаше и случај во државниот Геријатриски центар, кога директорот беше фатен при земање на мито од 20.000 евра.

-Се случи во Геријатрија една акција, тој беше член на нашата партија, утредента го разрешив од директор и задутрете го исклучивме од партија. Сите што грешат, ние ниту сме полиција, ниту јавно обвинителство, ниту ги следиме луѓето. Меѓутоа ги поздравувам сите овие акции, изјави Таравари.

Тој посочи дека има информации за злоупотреби од страна на вработени во здравствените установи, но, како што вели, не сака да генерализира и не се сите доктори такви.  

-Но, таму кај што постојат сомнежи ги поддржувам, со сета почит и стоиме како министерство за здравство, тука да помогнеме на сите вакви акции за да се исчисти криминалот и корупцијата, рече Таравари.

Прашан за случајот со починатиот пациент на Каридиохиргија,  Таравари одговори дека извештајот е готов.

– За кардиохирургија мислам дека е готов, но не сум го прочитал, ви кажав од санитарен инспекторат е пристигнат, прочитав и од новинарите што е констатацијата. Така што,  ќе видиме за понатамошните чекори, што ќе биде преземено, вели Таравари по посетата на болницата во Куманово.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проблеми за Анчелоти: Реал без Алаба и Камавинга против Барселона

Следно

Од унгарскиот кредит најмногу пари ќе се вложат во патишта – 17 општини не аплицирале

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop