Исени во 24 анализа: Треба да и се даде шанса на новата влада за да се покаже во борбата со криминалот и корупцијата

April 23, 2025
1 min read

Политикологот Џенур Исени во 24 анализа рече дека треба да и се даде шанса на новата влада за да се покаже во борбата со криминалот и корупцијата.

Според него, премиерот Мицкоски има можност да работи на целиот процес. 

„Мислам дека владата треба да покаже резултати во реформите во судството. Огромната победа на изборите беше за одговорноста. Ако не се покажат во оваа област, не викам дека 9 месеци се доволно време, тоа ќе се одразми на изборите многу и на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН. Мислам дека Мицкоски за разлика од другите има добра шанса да се покаже на дело дека сака да работи на оваа власт“, рече Исени.

Тој објасни и дека Албанија го отвори вториот кластер на преговори со ЕУ благодарение на борбата со корупција.

„Се надевам дека е искрен Мицкоски во тоа што го кажува. 9 месеци власт се малце. Албанија почна со реформи и затоа го отврои вториот калстер со преговорите со ЕУ. Таму бевме сведоци дека многу политички чинители се во притвор заради корупција за разлика од кај нас“, додаде Исени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Флик во Барселона до 2027

Следно

Аљбуљена Хаџиу повторно не доби доволно гласови за претседателка на косовското Собрание

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop