Флик во Барселона до 2027

April 23, 2025
1 min read

Според пишувањата на локалните медиуми, германскиот тренер Ханси Флик ќе го продолжи договорот со шпанскиот фудбалски гигант Барселона на уште една година.

Како што денеска објави шпанскиот весник Марка, се очекува поранешниот германски селектор на крајот на сезоната да потпише нов договор, до 2027 година.

Според истиот извор, двете страни изминатите денови постигнале финален договор за продолжување на соработката.

Флик во моментов има договор со каталонскиот клуб до крајот на јуни 2026 година.

Марка наведува дека Барселона нема официјално да го потврди продолжувањето на договорот со Флик до крајот на сезоната за да се фокусира на своите настапи на домашната и меѓународната сцена. Како водечки клуб во шпанската лига, финалист во Купот на кралот против вечниот ривал Реал Мадрид и полуфиналист во Лигата на шампионите, Барселона сè уште има шанси да ја освои тројната круна оваа сезона под водство на германскиот стратег во неговата прва година на клупата на каталонскиот клуб.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Додека не се заврши со реорганизацијата, нема да има нов повик од ФИТР“, вели Додов

Следно

Исени во 24 анализа: Треба да и се даде шанса на новата влада за да се покаже во борбата со криминалот и корупцијата

Latest from Blog

Се готви ребаланс на Буџетот, Димитриеска-Кочоска ги почна состаноците со ресорните министри

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на социјалните мрежи информира дека денеска ги започнала состаноците со ресорните министри за подготовка на ребаланс на Буџетот за 2026 година. Прв на средба со

Проданоски: Преку културни содржини ја чуваме легендата за Крал Марко

Во духот на традицијата, историјата и културното наследство, Општина Прилеп и оваа година ја организира манифестацијата „Денови на Крали Марко“, посветена на легендарниот јунак Крал Марко, симбол на храброста, правдата и непокорот.
Go toTop