Во македонскиот КИЦ во Загреб ќе се претстават етно групата „Баклава“ и македонскиот рубин

April 22, 2025
1 min read

Во македонскиот Културно информативен центар во Загреб во среда, 23-ти април загребската публика ќе има ексклузивна можност да проследи уникатен мултимедијален културен настан во рамките на кој ќе биде отворена изложбата „Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“ и ќе биде одржан етно концерт на групата „Баклава“.

Етно концертот на групата „Баклава“ која го чествува јубилејот на своето 20 годишно постоење, ќе понуди богата програма од традиционални и авторски песни испеани на повеќе јазици. Се работи за песни кои авторката Елена Христова ги селектира од целокупниот репертоар на „Баклава“. Исто така авторката која за второ живеалиште со години ја има Р. Турција, ќе ја запознае публиката со своите долгогодишни истражувања. На репертоарот ќе се најдат и песни од нејзиниот најнов проект „Јоруклук“. Покрај Елена Христова која е автор и носител на проектот, во групата „Баклава“ членуваат петмина врвни музичари со богата музичка кариера и автентичен музички израз кој кокетира со различни музички стилови од класична музика, поп, рок, џез, панк, традиционална и чалгиска музика, сето тоа преточено во world music.

Изложбата „Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“, македонскиот Културно информативен центар во Загреб ја реализира во соработка со македонското Здружение ,,Откритие“ оформено во 2023 година со основна дејност – популаризација на светското и македонското минералошко богатство. Здружението ,,Откритие“ во својата колекција поседува вредни примероци на природни минерали, кристали и фосили меѓу кои и примерок Алги строматолити стари 1,8 милијарди години кои се првата форма на живот на Планетата Земја. Автори на изложбата се инженерите Деан Шкартов и Илија Петковски кои десетици години се занимаваат со промоција на природните кристали, минерали и скапоцени камења. На изложбата ќе бидат претставени експонати и реплики изработени од овој скапоцен камен.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието ги усвои измените на Законот за медиуми: Нови услови за интернет-порталите

Следно

Стојчевски во Отворено: Јавните комунални претпријатија немаат директна помош од Владата

Latest from Blog

Квалитетниот сон овозможува подолг животен век

Според најновото американско истражување недоволниот сон го скратува повеќе животниот век отколку исхраната, физичката активност и социјалните односи. Американските научници проценуваат дека околу 16 отсто од светската популација постојано пати од несоница,

СДСМ од “ајро ајро“ и 7 години неуспешни обиди за почист воздух, денес организира протест пред Цементарница Усје

СДСМ и тогашниот премиер Заев кој на митинзи ветуваа “ајро ајро“, денес се сведоа на протест пред Цементарница Усје. На денешната собраниска седница пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска најави дека протестот пред

Божиновска: Воведуваме криза за да спречиме поголеми последици во снабдувањето со струја

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека воведената кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија е резултат на ненадејните околности и има превентивен карактер, нагласувајќи дека АД ЕСМ
Go toTop