Дебата за ЕУ и реформите – Милошоски: Треба да бидеме основано критични кон извршната власт

April 22, 2025
1 min read

Европската Унија е единствена алтернатива, порача спикерот Африм Гаши на дебата посветена на реформската агенда.

Тој најави дека ќе се посвети на преземените обврски и законите кои ќе пристигнат во Собранието, но додаде и дека предизборната реторика не треба да има предност над разумот.

„Токму заради ова мора да покажеме зрелост и визија. Евроинтеграциите треба да бидат темата што ги обединува линиите на сите политички субјекти, бидејќи тоа е државен проект кој бара широк консензус и заедничка волја.“, вели Африм Гаши.

Со Гаши се согласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Молошоски, кој неодамна го критикуваше министерот за правда Игор Филков дека доцни со законите од агендата.

„Предизборието ќе носи некогаш повеќе политизација на критиките, наместо нивен квалитет. Но, сепак како пратеници, без разлика дали доаѓаме од власта или од опозицијата, треба да бидеме критични, основано критични, за да ја зголемиме продуктивноста на извршната власт.“, вели Антонио Милошоски.

Од друга страна, лидерот на опозицијата Венко Филипче повика на обединување за процесот на евроинтеграцијата.

„Се случуваат многу геостратешки поместувања, се диференцираат нови центри на моќ. Ние треба да останеме силно приврзани со нашите стратешки партнери – и САД, но и Европската Унија.“, вели Венко Филипче.

Заменикот амбасадор на ЕУ, Бен Нупнау побара одлучна акција на Владата и Собранието за реформите и дијалог на сите политички субјекти.

„Планот за раст и Реформската агенда не се замена за членство во Европската Унија. Туку се алатка за да се подготви земјата за членство.“, вели Бен Нупнау.

На дебатата присуствуваше и Владимир Дробњак, кој е поранешен главен преговарач за членство на Хрватска. Спореед него и во услови на несигурност, Унијата останува силна и релевантна, а проширувањето во 2030 година е реално и достижно.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АЕК почна постапка за јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

Следно

Снимка со дрон од расцветаните лалиња во Холандија

Latest from Blog

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите
Go toTop