Уапсен скопјанец кој украл возило во Центар

February 28, 2023
1 min read

Во Скопје вчера во 16.00 часот на ул.„Радушка“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(39) од Скопје.

Како што соопштија денеска од МВР, тој се сомничи дека на подрачјето на Центар одзел патничко возило „фиат мултипла“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Ѓ.(65) од Скопје, по што во 14.35 часот на ул.„Војвода Васил Чакаларов“ го напуштил местото на сообраќајна незгода во која учествувал со возило „фолксваген голф“.

Тој бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. Службен разговор во полициска станица бил извршен и со К.Ѓ., затоа што по преземени мерки било утврдено дека на возилото „фиат мултипла“ биле поставени регистарски таблички од друго возило.

Во разговорот К.Ѓ. признал дека возилото го управувал со таблички од друго возило, затоа што неговите му биле одземени од полициски службеници од ОВР Гостивар, бидејќи возилото го управувал нерегистрирано.

За настаните бил запознаен јавен обвинител и по нивно целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 242 и член 378 од Кривичниот законик.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Чавушоглу во Анкара се состана со извршната директорка на УНИЦЕФ

Следно

Маск повторно е најбогат човек во светот, акциите на Тесла пораснаа за 100 отсто

Latest from Blog

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето

Свештеникот упати трогателна порака до трите мали деца на Жота на неговиот погреб

Жота и неговиот брат загинаа во сообраќајна несреќа што се случи по полноќ во четвртокот, кога автомобилот од марката Ламборџини излета од патот и се запали. Браќата беа погребани денеска во родниот

ЕУ подготвува опции за санкции додека притисокот врз Израел расте

ЛОНДОН (АА) – Европската Унија се очекува да претстави серија можни казнени мерки против Израел следната недела како одговор на неговите дејствија во Газа, иако поделбите меѓу земјите членки го прават нивното
Go toTop