Бесплатна проекција на филмот TerraForma на Ecoscop во Кинотека

April 17, 2025
1 min read

Пролетното издание Ecoscop на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал, Филмски фестивал Херцег Нови и ИФФК „Браќа Манаки“), ќе се одржи на 22 април 2025 година.

Публиката од земјите чии фестивали се членки на Мрежата, на 22 април ќе има прилика на бесплатна проекција да го погледне филмот TerraForma.  Кај нас проекцијата ќе се одржи во Кинотека на Македонија со почеток во 20 часот, а потоа ќе се одржи панел дискусија со експертот по екологија Ханес Јаекл.

По бесплтната проекција, филмот ќе биде достапен една недела онлајн на ондеманд платформата на линкот: https://ondemand.kinomeetingpoint.ba/.  Пролетното издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион е единствена можност за публиката во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија и Македонија бесплатно онлајн да го погледне филмот.

TerraForma е приказна за оддалечениот вулкански остров Вознесение, кој тлеел милиони години сè до неговата радикална трансформација со процес на „тераформирање“ во тропски рај. Тоа е приказна за тоа што таа трансформација може да значи за нашата планета во иднина каде што може да дојде до тераформирани пејзажи создадени од човекот кои го искривуваат нашето разбирање за самата „природа“.  Имено, на овој остров има повеќе отколку што се гледа. Викторијанските натуралисти ја преобликуваат екологијата за да одговара на политичките и економските барања на нивното општество. Новата средина, навидум рај, всушност е фатаморгана- огледална слика на нивната амбиција, нивната империја и нивното разбирање за светот и како таков беше осуден да пропадне…

Режисерското дуо Кевин Бренан и Лоренс Дуркин се пријатели и долгогодишни соработници. Кевин е уметник и режисер од Ирска, додека  Лоренс е режисер на документарни филмови од Лондон. Преку својата работа тие ги истражуваат темите на идентитетот, пејзажот и човечките односи со природниот свет. Нивниот прв заеднички проект е токму TerraForma, кој се осврнува на разорниот, но револуционерен гео-инженерски проект од 19 век кој радикално ја промени климата и екологијата на островот Вознесение.

Пролетното издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион ќе се реализира на 22 април со бесплатна проекција на филмот во кината во Сараево, Белград, Хецег Нови, Љубљана, Загреб и Скопје.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СО ПРЕТСТАВИ НА МАКЕДОНСКИ КОРЕОГРАФИ СЕ ОТВОРА МАЛАТА СЦЕНА ВО НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ

Следно

Почина уште еден пациент повреден од пожарот во Кочани

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop