Во основните судови низ земјава не се пополенти 163 судиски места, а ниту еден судија не се пријавил за претседател на основните судови во Берово, Делчево и Радовиш

April 17, 2025
1 min read

Судијата Бојан Мартиновски е единствен кој се пријавил на огласот на Судскиот совет за избор на претседател на Основниот суд во Охрид, додека на огласот за претседател на Основните судови во Берово, Радовиш и Делчево, ниту еден судија не се кандидирал. Членовите на Судскиот совет на денешната 520 седница едногласно одлучија да биде објавен повторно оглас за избор на претседател на Основните судови во Делчево, Берово и Радовиш. Судијката Весна Дамева член на Судскиот совет образложи дека Комисијата за рангирање на Судскиот совет му предлага повторно да огласи оглас за избор на претседател на Основните судови во Делчево, Берово и Радовиш.

На денешната седница на Судскиот совет се разрешуваа и судии поротници во неколку судови низ државата. Судскиот совет направи и анализа колку судиски места се слободни, односно неполнети низ основните судови во државата. Судијата, Данка Ристова член на Судскиот совет истакна дека анализата покажува дека согласно систематизацијата мора да има 456 судиски места, а во моментов не се пополнети 163 судиски места.

  • Имајќи во предвид дека обврската за утврдување на слободни судиски места во Основните судови е лимитирана со законски рок, Комисијата одлучи да не ги чека резулатати од огласот за прием на нови судии од завршените слушатели од осмата генерација, кои се на број 19. Од расположивите податоци бројот на места по систематизација изнесува 456 места, а моментално се пополнети 294 судиски места од кои еден судија до крајот на 2025 година ќе се пензионира, односно не поднел барање за судиската функција по условите за старосна пензија. Тоа значи дека согласно анализата за потребни судиски места за ажурно и навремено постапување потребни се 163 судии во основните судови. Согласно наведеното Комисијата му предлага, вели Ристова.

Членовите на Судскиот совет побараа Академијата на судии и јавни обвинители да објавуваат огласи за нова генерација на судии и јавни обвинители, или да се направат законски измени.

Во моментов слободни судиски места има во основните судови има и тоа во: Берово три, Битола 11, Виница два, Велес пет, Гевгелија пет, Гостивар три, Дебар едно, Делчево два, Кавадарци четири, Кичево осум, Кочани три, Кратово два, Крива Паланка два, Куманово 11, Крушево три, Неготино два, Охрид десет, Прилеп 11, Радовиш четири, Ресен еден, Свети Николе еден, Основен кривичен суд Скопје 16, Основен граѓански суд Скопје 16, Струга 12, Струмица осум, Тетово десет, Штип седум слободни судиски места.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ел Салвадор двојно ќе го зголеми најголемиот затвор во светот за да смести повеќе депортирани лица од САД

Следно

СО ПРЕТСТАВИ НА МАКЕДОНСКИ КОРЕОГРАФИ СЕ ОТВОРА МАЛАТА СЦЕНА ВО НАЦИОНАЛНАТА ОПЕРА И БАЛЕТ

Latest from Blog

Димитровски: Битола добива нова инфраструктура и модерни спортски капацитети

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, истакна дека во првите шест месеци од новиот мандат на градоначалникот Тони Коњановски, општината се фокусирала на реализација на ветените проекти, за кои била обезбедена значителна

Проданоски: Херојството од „Диво Насеље“ никогаш нема да биде заборавено

Со длабока почит денеска беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Ненад Серафимоски, најмладиот припадник на специјалната антитерористичка единица „Тигри“, кој на 9 мај 2015 година го загуби животот во настаните кај

Средношколец од Прилеп 4 години лажно се претставувал како наставник

Прилепската полиција поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат“. Пријавениот, лажно претставувајќи се како наставник по англиски јазик во

Исто како и лани: Ал-Келаифи повторно ќе води 500 вработени во ПСЖ на финалето во ЛШ!

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, уште еднаш ја демонстрираше својата дарежливост со гест достоен за восхит. Тој одлучи да ја повтори својата иницијатива од минатата година и да награди
Go toTop