Ел Салвадор двојно ќе го зголеми најголемиот затвор во светот за да смести повеќе депортирани лица од САД

April 17, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле, планира двојно да го зголеми капацитетот на најголемиот затвор во светот за да се сместат уште повеќе депортирани лица од САД, објави вчера „Волстрит џурнал“, пренесува Анадолу.

За време на неодамнешната посета на американската секретарка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, Букеле изјави дека има намера да го прошири Центарот за затворање терористи (Цекот), во кој моментно се наоѓаат околу 15.000 затвореници.

Овој затвор, отворен во 2023 година, првично е проектиран да прифати до 40.000 затвореници, а со планираната експанзија неговиот капацитет би се зголемил на 80.000.

Планот се појави во контекст на сѐ поинтензивната соработка меѓу Ел Салвадор и администрацијата на Доналд Трамп, која во оваа централноамериканска држава досега депортирала повеќе од 250 членови на банди, од кои голем дел се државјани на Венецуела.

Американската Влада му плаќа на режимот на Букеле околу 6 милиони долари за сместување на овие затвореници во Цекот.

Исто така, оваа недела сенаторот од Мериленд, Крис Ван Холен, го посети Сан Салвадор во обид да обезбеди ослободување на Килмар Абрего Гарсија, жител на Мериленд што бил депортиран по грешка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хаос во Кичево: Прво нападнал таксист, па ученици и вработени во две средни училишта, потоа случаен минувач и на крај полицаец

Следно

Во основните судови низ земјава не се пополенти 163 судиски места, а ниту еден судија не се пријавил за претседател на основните судови во Берово, Делчево и Радовиш

Latest from Blog

Димитровски: Битола добива нова инфраструктура и модерни спортски капацитети

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, истакна дека во првите шест месеци од новиот мандат на градоначалникот Тони Коњановски, општината се фокусирала на реализација на ветените проекти, за кои била обезбедена значителна

Проданоски: Херојството од „Диво Насеље“ никогаш нема да биде заборавено

Со длабока почит денеска беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Ненад Серафимоски, најмладиот припадник на специјалната антитерористичка единица „Тигри“, кој на 9 мај 2015 година го загуби животот во настаните кај

Средношколец од Прилеп 4 години лажно се претставувал како наставник

Прилепската полиција поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат“. Пријавениот, лажно претставувајќи се како наставник по англиски јазик во

Исто како и лани: Ал-Келаифи повторно ќе води 500 вработени во ПСЖ на финалето во ЛШ!

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, уште еднаш ја демонстрираше својата дарежливост со гест достоен за восхит. Тој одлучи да ја повтори својата иницијатива од минатата година и да награди
Go toTop