Узунов во Отворено: Царините на Трамп покажаа дека стратешкото партнерство на Македонија со САД е само за чалам

April 15, 2025
1 min read

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов во Отворено рече дека, стратешкото партнерство на Македонија со САД е само за чалам.

Според него, единствен партнер на државата е Европската Унија. Тој зборуваше и за тоа дека царините кои ги воведе Трамп се застарен метод во економијата.

„Она што за нас САД го покажа со овој потег е дека убаво е да сме стратешки партнер но само за чалам. Единствен наш стратешки партнер е ЕУ а не САД. Тие 33% кои ги стави Трамп немаше да ги осетиме, но оние царини што ги воведе за ЕУ, ќе ги сетиме. На индиректен начин изгубивме. Ние имаме штета како да сме членка на ЕУ, дури и повеќе од членките на ЕУ кои немаат толкава трговија со ЕУ. ЕУ ќе морада најде некој мехнизам за ублажување на ова, ние  бидјеќи не сме членка нема да може да го користиме. Ние треба да размислуваме да станеме членка на ЕУ и економски да се издигнеме на тој пазар“, рече Узунов.

Тој објасни и дека царините кои ги воведе Трамп се стар инструмент.

„И теоријата и праксата говорат дека слободна трговија е најдобра за сите трговии и Трамп воведе инструмент кој е стар, срдновековен, тоа е мостарина, не може така во светот особено не денес кога светот е испреплетен и голем дел од трговијата не ја допираат царините на Трамп. Ова ми изгледа на потег кој го ветил па мора да го исполни, сега мислам дека ќе мора да излезе од ова бидејќи нема ништо да постигне“, додаде Узунов.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Како лабораториски глушец сум“: Легендарниот Замброта би можел да ги загуби нозете

Следно

Спортистите во иста униформа: Сојузот на спортски федерации објави повик за избор на национален дрес

Latest from Blog

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти

Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во Тетово

Утре 23.03.2026 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“, инофрмираат од владината прес-служба.
Go toTop